Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Прилепскиот тутунски комбинат го почна откупот на тутунот, обезбедени се парите за исплата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Прилепскиот тутунски комбинат го почна откупот на тутунот, обезбедени се парите за исплата
Агровести

Прилепскиот тутунски комбинат го почна откупот на тутунот, обезбедени се парите за исплата

Објавено 29/11/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Прилепскиот тутунски комбинат денеска го почна откупот на тутун од годинашнава реколта. Со ова, практично, сите 10 откупни компании го преземаат родот од тутунопроизводителите во земјава.

Отворени се пунктови во Прилепско и Радовишко, а во текот на идната недела и останатите пунктови во другите региони.

– Отворени се шест пунктови во Радовишко и 10 во Прилепскиот регион. Опфатен е пунктот во градот и пунктовите во населените места во Долненско, Демирхисарско и во Битолско. Комбинатот е подготвен во текот на идната недела да ги отвори и другите пунктови во земјава. Годинава ќе ги откупиме сите количества тутун, околу 2 000 тони, договорени со кооперантите. Обезбедени се парите за исплата, изјави на денешната прес-конференција директорот на Комбинатот, Александар Алексовски.

Комбинатот ќе врши исплата двапати неделно, во вторник и во петок. Дневно е планирано да се купуваат околу пет тони тутун. Досега се откупени преку 3,5 тони по просечна цена од 375 денари за килограм. Комбинатот е подготвен да им доплати на производителите доколку се постигне договор за зголемување на цената на тутунот.

– Бордот на директори на Комбинатот донесе одлука дека доколку дојде до покачување на цената на откупениот тутун во наредниот период, на сите кооперанти кои предале тутун, ќе им биде доплатена разликата со зголемувањето на цената, рече Алексовски.

Според Сојузот на тутунските здруженија, досега во земјава се откупени преку 110 тони тутун со просечна цена од околу 370 денари. Со отворањето на пунктовите на прилепскиот тутунски комбинат се очекува интензивирање на откупната кампања. Годинашнава реколта се проценува на 16 000 до 17 000 тутун и е со добар квалитет. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:откупотПрилепскиоттутуноттутунски комбинат
Претходен напис Забрана за сообраќај на товарни моторни возила на патот Маврово-Дебар поради обилни врнежи од снег
Следен напис Министерот Трипуновски во Црна Гора потпиша Протокол за соработка со неговиот колега Јоковиќ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?