Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бред Пит го доби спорот со Анџелина Џоли за винаријата: Судијата ги одби трите жалби на актерката
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Бред Пит го доби спорот со Анџелина Џоли за винаријата: Судијата ги одби трите жалби на актерката
Магазин

Бред Пит го доби спорот со Анџелина Џоли за винаријата: Судијата ги одби трите жалби на актерката

Објавено 18/11/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Судијата на Врховниот суд во Лос Анџелес ги отфрли трите жалби на Анџелина Џоли, со што на нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит му обезбеди победа во долготрајната „војна за розовото вино“

Извор близок до познатиот холивудски актер откри за магазинот „Пипл“ дека судската пресуда е „чиста победа“ во тужбата што Бред Пит ја поднесе против Анџелина Џоли за француската винарија „Шато Миравал“, односно во спорот наречен „војна за розовото вино“.

Новите судски документи поднесени во петокот, 8 ноември, наведуваат дека судијката на Врховниот суд на округот Лос Анџелес, Леа Мартин ги отфрлила последните три жалби од адвокатскиот тим на Анџелина Џоли. Сите три беа поврзани со тврдењето на Пит дека Џоли го прекршила усниот и писмениот договор да не го продава својот удел во „Миравал“ без негова согласност.

Одлуката беше донесена како одговор на барањето на Џоли да отфрли три одделни причини за тужба поднесена од Пит во жалбата поднесена за случајот уште во април. Во таа прилика адвокатите на Пит тврдеа дека компаниите на поранешната двојка – „Мондо Бонго“ и „Нувел“ „склучиле писмен договор во 2013 година да си дадат право на прво одбивање во врска со каква било продажба на нивните акции во Миравал“.

„Овој писмен договор меѓу двете компании“, тврдат адвокатите на Пит во априлската жалба, во врска со каква било продажба на „Миравал“, постоел како додаток на вербалниот договор меѓу Џоли и Пит за да се добие согласност од другата страна пред да го продадат својот удел во винаријата.

Според пресудата од 8 ноември, Џоли има 30 дена да одговори.

„Ова е јасна победа за Бред што ја покажува легитимноста на неговите тврдења и уште еднаш покажува дека тврдењата на другата страна не се поткрепени со суштина“, изјави извор близок до Пит.

Пит (60) првично ја тужеше Џоли (49) поради продажбата на неговиот удел во винаријата „Шато Миравал“ во 2022 година на трета страна, Тенуте дел Мондо. Правната битка понекогаш се преклопуваше со жестока битка за старателство над нивните деца, од кои половината сега се возрасни: Медокс, Пак, Захара, Шајло и 16-годишните близнаци Нокс и Вивиен.

Слободен печат

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:бред питвинаријавино
Претходен напис НБO: Зелениот картон е во функција, непрактична е идејата за укинување на зелената карта само за државите од ЦЕФТА
Следен напис Најголемиот откупувач на тутун, Сокотаб започнува утре со откуп во Прилеп, Кривогаштани и Могила
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?