Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Започна пошумувањето долж сливот на Црн Дрим, проект поврзан со ублажување на климатските промени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Започна пошумувањето долж сливот на Црн Дрим, проект поврзан со ублажување на климатските промени
Агровести

Започна пошумувањето долж сливот на Црн Дрим, проект поврзан со ублажување на климатските промени

Објавено 10/11/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Општина Дебар, која е вклучена во многу значаен проект поврзан со ублажување на климатските промени на национално и меѓународно ниво, ја реализира првата активност, пошумување во атарот на селото Татар Елевци.

-Станува збор за имплементација на Меморандумот во соработка со меѓународната организација CNVP, кој меѓу другото предвидува и пошумување долж сливот на реката Црн Дрим чии води имаат меѓународен карактер, бидејќи се влеваат во реката Бел Дрим во Албанија и завршува во Јадранско Море. Го реализиравме првото пошумување кај селото Татар Елевци, активност во која беа вклучени вработени од општинската администрација, потоа подружницата „Стогово“ на ЈП „Национални шуми“, како граѓански асоциации, информираше градоначалникот Хекуран Дука.

Според него, по првото пошумување со кое се опфатени три хектари, активностите за пошумување ќе продолжат и во наредните месеци, во зависност од временските услови.

-Интегрираното управување со шумите (IFM) долж сливот на реката Дрим е тригодишен регионален проект и се спроведува од ICEP (Глобална асоцијација за развој) и CNVP (Поврзување на природните вредности и народна фондација) финансиран од ADA (австриски агенција развој). Проектот се спроведува на подрачјето на прекуграничниот слив на реката Дрим, кој опфаќа подрачја од Северна Македонија, Албанија, Косово, и Црна Гора. Регионалниот проект ќе го зајакне интегрираното управување со шумите долж сливот на реката Дрим, додава Дука.

Дообјаснува дека проектот за кој станува збор има за цел да придонесе за ублажување на климатските промени и одржлив развој долж реката Црн Дрим, дека со негова релизиација бидат зголемени социо-економски и еколошки придобивки за локалните заедници преку екосистемски услуги, зајакнати со примена на методите на IFM, пошумување и биодиверзитет и оти со истиот се предвидени и други активности како што се оние за заштита од ерозија.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:климатските променипошумувањетоублажувањеЦрн Дрим
Претходен напис Археолошки истражувања: Трескавец се потврдува како милениумско духовно светилиште и живеалиште
Следен напис Игор Ангелов и неговата фамилија обработуваат 200 пластеници со зелка и црвена пиперка: Со добра механизација и многу работа до квалитетен производ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?