Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХВ апелира до граѓаните, за пронајдена угината дива птица од водните видови да ја информираат агенцијата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АХВ апелира до граѓаните, за пронајдена угината дива птица од водните видови да ја информираат агенцијата
Агровести

АХВ апелира до граѓаните, за пронајдена угината дива птица од водните видови да ја информираат агенцијата

Објавено 08/11/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во врска со болеста птичји грип (авијарна инфлуенца), која неодамна беше  потврдена кај две угинати диви птици во Скопје, во два изолирани случаи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до граѓаните, за пронајдена угината дива птица од водните видови (патки, гуски и слично) да ја известат АХВ лично (во Централа или во подрачните единици на Агенцијата), на бесплатната телефонска линија 0800 3 22 22 или на  [email protected]), или ветеринарните друштва. Доколку станува збор за други видови угинати птици и за изолирани угинувања, тоа треба да го пријават на јавните комунални претпријатија за нештетно отстранување на лешевите.

Болеста авијарна инфлуенца, иако станува збор за зооноза, во вакви случаи ,не претставува сериозна закана за ширење на болеста, ниту кај птиците ниту кај луѓето.

Болеста се шири преку директен контакт со заразени  птици или секрети од истите, особено фекалии. Агенцијата за храна и ветеринарство ги потсетува одгледувачите на живина дека задолжително е пријавувањето на промени во здравствената состојба  и зголемена смртност на живината, до надлежен официјален ветеринар или ветеринарно друштво, како и примена на биосигурносни мерки при спроведување на сите активности на одгледувалиштето. АХВ апелира на внимателност и преземање на заштитни мерки за категориите на лица кои се изложени на ризик, односно  за лицата кои можат да имаат близок контакт со заразени птици.

Дивите птици, најчесто преселните, се резервоар и најчести преносители на вирусот на болеста птичји грип.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ахвпаткаптицаугината
Претходен напис Финансиската полиција поднесе кривична пријава против три службени лица од МЗШВ
Следен напис ЗЗ „ШАРИ“ со земјоделците во Теарце: Интерес за ИПАРД, информации за продажба од куќен праг, сугестии за поделбата на субвенциите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?