Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски: Една од основните цели на македонската земјоделска политика е искористување на природните ресурси со заштита на природата 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трипуновски: Една од основните цели на македонската земјоделска политика е искористување на природните ресурси со заштита на природата 
Агровести

Трипуновски: Една од основните цели на македонската земјоделска политика е искористување на природните ресурси со заштита на природата 

Објавено 30/10/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Природните богатства, вклучувајќи го земјоделското земјиште, растителниот и животинскиот свет, се уставно дефинирани како добра од општ интерес за државата и уживаат посебна заштита, за што истите се третираат и во поедини закони, меѓу кои и повеќе закони во надлежност на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, истакнал министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски на денешната конференција во Белград насловена „Транформација на прехранбените системи“.

Тој нагласил дека како земја се стремиме земјоделските стопанства да го спроведуваат концептот на „зелено“ земјоделство, како логичен и природен начин за извршување на земјоделските активности.

-Истите активности постепено ги прошируваме и прилагодуваме согласно нашето постепено прилагодување кон Заедничката земјоделска политика на ЕУ и „Зелената агенда“ на ЕУ“, рекол Трипуновски. 

Според него, во водењето на македонската земјоделска политика една од основните цели е оптимално искористување на природните ресурси со почитување на начелата за заштита на природата и животната средина. Во овој стратешки период оваа цел, како што нагласил, е дефинирана како една од основните стратегиски цели – примена на еколошки практики во производството кои водат кон намалување на влијанието на климатските промени и прилагодување кон истите.

-Вака поставената цел треба да обезбеди зајакнување на отпорноста на земјоделскиот сектор кон климатските промени преку примена на нови иновативни практики и секако нови земјоделски системи – регенеративното земјоделство, за што е потребна буџетска поддршка и креирање на повеќе мерки и инструменти, како од националните програми но и од ИПАРД програмата на ЕУ, истакна министерот Трипуновски на конференцијата. 

Тој појаснил дека за да се постигнат овие цели се стимулираат практики кои треба да придонесат кон прилагодување на земјоделството на климатските промени преку мерки со зголемен интензитет на кофинансирање на потребни инвестиции.

-Инвестициите се насочени кон ублажување и прилагодување кон климатските промени, како што се поддршките за набавка на заштитна опрема (мрежи за засенчување и друга опрема), ефикасни системи за наводнување и рационално користење на водата, поддршка за промена на сортите соодветни на идниот климатски режим, особено за најчувствителните подсектори. Внимание се обраќа и на стимулирање на инвестиции за производство на енергија од одржливи извори на самите земјоделски стопанства и подобрување на нивната енергетската ефикасност, рекол министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Министерот посочил дека особено се значајни активностите за поддршка на земјоделците за примена на еколошки и климатско подобни земјоделски практики, како и обуки за примена на нови земјоделски системи (вклучувајќи го и регенеративното земјоделство), со цел намалување на влијанието од климатските промени. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:заштита на природатамакедонската земјоделска политикаресурсиТрипуновски
Претходен напис Млекарница престана да испорачува производи на познат маркет: Бараат фер цени за фармерите!
Следен напис На Фуџи сè уште нема снег
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?