Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Добро поднесува суша и студ, има кратка вегетација, погодна е за органско производство – Зошто да се одлучите за одгледување рукола?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Добро поднесува суша и студ, има кратка вегетација, погодна е за органско производство – Зошто да се одлучите за одгледување рукола?
АгровестиДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Добро поднесува суша и студ, има кратка вегетација, погодна е за органско производство – Зошто да се одлучите за одгледување рукола?

Објавено 28/10/2024
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Руколата (Eruca sativa L.) е вкусен лиснат зеленчук со пикантен, горчлив и јак ароматичен вкус, богат со многу витамини и минерали. Оваа култура има високи хранливи, диететски и лековити својства. Таа е богат извор на калциум, магнезиум, железо, калиум, фосфор, витамин А, витамин К, витамин C, фолна и пантотенска киселина. Руколата содржи големи количества бетакаротен и тоа 1.424 μg (микрограми) на 100 г, лутеин и зеаксантин – 3.555 μg на 100 г. Покрај тоа што содржи бројни хранливи состојки, руколата содржи и различни биолошки активни состојки – фитохемикалии, чии антиоксидативни својства имаат позитивен ефект врз здравјето на човекот и го намалуваат ризикот од многу заболувања.

Во исхраната се користи како салата или компонента во мешани салати за подобрување на аромата и вкусот. Особено е позната како салата во медитеранската кујна подготвена со маслиново масло и сирење моцарела. Горчината на листовите се зголемува со нивната старост, па затоа е најдобро да се консумираат млади листови. Кога се подготвува во готвена и бланширана состојба, ја губи горчината. Во некои земји се одгледува и поради семето, за добивање масло и сенф.

Записите за ова растение, кое води потекло од Средоземјето, укажуваат на нејзината кулинарска и медицинска употреба уште кај старите Римјани и Грци. Во древниот Рим и Египет се сметало дека семето и листовите на ова растение имале дејство на афродизијак. Тогаш руколата била неизбежна состојка на сирупите против кашлица и против скорбут, а денес е исто толку популарна во домашните кујни, современите ресторани и аптеки ширум светот.

До скоро беше непозната култура кај нас, но во последно време се зголемува нејзината популарност, па често се среќава во менито на модерните ресторани, во супермаркетите и градските пазари на поголемите градови. Нејзиното одгледување и ширење е предизвик, особено во малите градови и рурални средини, каде што сè уште е непозната.

Покрај споменатите хранливи, диететски и лековити својства на оваа ценета култура, постојат уште неколку причини за нејзино одгледување и ширење кај нас.

1.Може да се одгледува: во мали бавчи, на тераса, во пластеник, во саксии;

2.Може да се произведува во текот на целата сезона, почнувајќи од март до октомври. Пожелно е да се врши сукцесивна сеидба на секои 14-20 дена, за да се овозможи постојана обезбеденост на пазарот;

3.Има кратка вегетација од 40 дена;

4.Има скромни барања во однос на условите за одгледување;

5.Нема големи барања за топлина;

6.Отпорна е на ниски температури и мразеви;

7.Добро поднесува суша;

8.Успева на секаков вид почва, но најдобро е кога се одгледува на богата почва со неутралнa или алкална pH реакција, на делумно засенчено место. Најдобро успева на лесни песокливи и среднотешки почви;

9.Таа е култура која нема сериозни проблеми со болести и штетници, па затоа не се потребни посебни мерки во поглед на заштитата во текот на вегетацијата.

10. Погодна е за органско производство.

Руколата се одгледува исклучиво со директна сеидба. Длабочината на сеидбата е околу 1 см, а никнува за неколку дена. Растојанието меѓу редовите изнесува 25 см, а во редот 3-5 см, при што е потребно количество на семе од 1,5 до 2 кг/ха. Се бере кога добро ќе се формира лисната розета. Обично дава до 2 кг принос по m2, односно приносот по хектар е 20 до 25 т. Исто така, руколата може да се чува во перфорирани кеси во фрижидер и во добро покриен сад 2-3 дена, на температура од 4 до 8°C, но најдобро е да се приготвува веднаш, бидејќи со стоење, дури и на ладно место, губи големи количества витамин Ц. Во поголеми количества, руколата се чува во специјални објекти со ладилници на температура од околу 0°C.

Може да ви се допадне

Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Таг:одгледувањеруколастудсуша
Претходен напис Јапонско јаболко каки – Садете сорти отпорни на ниски температури
Следен напис Водата во Скопје безбедна за пиење
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?