Во последниве години се зголемува бројот на одгледувачи на јапонски јаболка во дворовите и во малите овоштарници за хоби. Покрај вообичаеното јапонско јаболко, јаболкото каки или персимон има сѐ повеќе обожаватели и одгледувачи. Овој вид има богат избор на сорти и хибриди за јужните области, но и за континенталните.
Сортите на јапонските јаболка одгледувани во посеверните области треба да бидат од типот Вирџинија, односно отпорни на ниски температури. За нивниот раст и развој потребно е во текот на зимата температурите да не се повисоки од 10°C. За садење потребно е да се избере сончево место, но добро растат и во делумна сенка. Почвата треба да биде глинеста, добро исцедена, растресита, богата со органски материи. Оваа овошна култура има длабоки корени и може да издржи различни климатски и почвени услови.

Потребно е редовно да се наводнуваат. Освен на отворено, ова овошје можеме да го засадиме и во саксии.
Ако сакате сами да одгледувате каки од семе, знајте дека семките имаат слабо ртење, помеѓу 25 и 35 проценти. Потребни се и до два месеци од сеидба до ртење. Садот со посеаното семе треба да се чува на топло, добро осветлено место, но не и директно изложено на сончевите зраци. Почвата треба да биде умерено влажна. За да се забрза ртењето и никнувањето, пред да се засади семето потопете го во вода или чај на собна температура.
Јапонското јаболко е дводомен вид, што значи дека има дрвја со женски, односно машки цветови. Цвета во мај и јуни. Некои сорти се самоплодни и тоа можеме да го видиме по плодовите кои немаат семиња или се рудиментирани. Кај ориенталните видови, женските и машките цветови можат да се развијат на исто дрво.

Првите плодови се појавуваат на дрвото во втората или третата година. Плодовите се собираат кон крајот на октомври и подоцна. Се бере плодот кој е тврд, но целосно обоен.
Лековитост
Ова овошје е исклучително лековито бидејќи ги зајакнува крвните садови, делува против воспаленија, го намалува крвниот притисок, го зајакнува имунитетот, се препорачува за луѓе кои имаат проблеми со вените. Поволно делува на варењето, особено при проблеми со желудникот и цревата. Делува на опуштање на целиот организам. Не содржи многу калории, на 100 gr овошје има 70 kcal. Богат е со витамини, особено Ц и А, како и минерали, калиум, калциум и железо.
Не се препорачува да се јаде јапонско јаболко на празен стомак поради можност за дијареа.
