Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: На прагот на откуп на тутунот: Побарувачката поголема од понудената производствена реколта
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > На прагот на откуп на тутунот: Побарувачката поголема од понудената производствена реколта
Агровести

На прагот на откуп на тутунот: Побарувачката поголема од понудената производствена реколта

Објавено 27/10/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Тутунопроизводителите во земјава се подготвени за откупот на тутунот од годинашната реколта. Преку 10.000 семејства во државава очекуваат продуктивен почеток на откупот. Променливата година со дожд и суша донесе тутунопроизводство од околу 17.000 тони тутун, со добар квалитет. Тутунарите очекуваат поволен откуп и повисоки цени од ланските.

– Тутунопроизводителите на стартот на производството се соочија со неповолни климатски услови. Имаше премногу влага при расадувањето што го оддолжи процесот, во растот на тутунот имаше голема суша, што го намали приносот, но, тоа го зголеми квалитетот и на крајот имаше дождови што пак, го зголемија производството, изјави Киро Ристески, претседател на Сојузот на тутунските здруженија на Македонија.

На ниво на држава, со откупувачите се склучени околу 30.000 договори за производство од 26.000 тони тутун. Но, тоа не е вистинската слика, зашто на теренот има многу помалку тутун, односно околу 17.000 тони. Инаку, годинава се засадени над 13.000 хектари.

– Како Сојуз сме подготвени и утре да почне откупот на тутунот. Но, компаниите ги запазуваат законските рокови. Последниот ден за заверување на мострите е 15 ноември, така што, потоа може откупувачите да ја почнат кампањата. Крајниот рок за почетокот на откупот е 15 декември, посочи Ристески.

Годинава, 10 откупни фирми ќе го преземаат родот. Имаат лиценци и финансиски гаранции. Има најава за зголемување на бројот на откупните ваги. На тутунарите им претстојат средби во Министерството за земјоделство најавени за понеделник, како и со откупувачите на 4 ноември. Бараат повисоки откупни цени во споредба со ланските.

– Дискутираме со откупувачите. И ние не сме задоволни од моменталната цена што е на ланското ниво, односно 375 денари за прва, 300 за втора и 260 за трета класа откупен тутун. В понеделник имаме средба со министерот за земјоделство Цветан Трипуноски. Мислиме дека ќе наидеме на добра соработка, а на 4 ноември ќе имаме и средба со откупувачите. Целта ни е да постигнеме повисока цена на тутунот, да го задржиме производството, да ги задржиме младите да го работат тутунот, зашто според статистиките, просечната старост на тутунопроизводителите е преку 50 години, нагласи Ристески.

На теренот во земјава ќе има 320 откупни ваги. (МИА)

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:мзшвоткуптутунцена
Претходен напис Потпишани договори за 274 проекти во општините во вкупна вредност од околу 4,1 милијарда денари
Следен напис Потпретседателот на ССК, Ѓорѓиевски се здоби со меѓународна експертиза за oдржливост на системите на храна од Јапонската агенција за меѓународна соработка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?