Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ангов: Одговорноста за нефункционирањето на Хидросистемот за полнење на Дојранското Езеро е во МЖСПП, а не во Oпштина Дојран
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ангов: Одговорноста за нефункционирањето на Хидросистемот за полнење на Дојранското Езеро е во МЖСПП, а не во Oпштина Дојран
Агровести

Ангов: Одговорноста за нефункционирањето на Хидросистемот за полнење на Дојранското Езеро е во МЖСПП, а не во Oпштина Дојран

Објавено 25/10/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Одговорноста за нефункционирањето на Хидросистемот за полнење на Дојранското Езеро е во Министерството за животна средина, а не во Општина Дојран. Министерството за животна средина е надлежно и одговорно за управување, финансирање и функционирање на овој хидросистем, објави денеска на својот фејсбук профил градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, по повод објави, пишувања и загриженост од страна граѓани за намалувањето на нивото на водата Езерото.

Во неговата објава се додава дека Општина Дојран во повеќе наврати има испраќано барања во кои се наведува итноста за пуштање во употреба на Хидросистемот „Ѓавато“.

-Се одржаа и неколку состаноци на кои се утврди дека е прво потребна реконструкција, па пуштање на истиот во функција, а за сето ова беше потребно да се обезбедат средства со ребалансот на Министерството за животна средина, но со ребалансот во август месец оваа година истото не беше направено. Поради тоа, подготвена е и информација до Владата со која очекуваме да наидеме на разбирање и во најбрз можен рок да се стави точка на дневен ред и по истата да се донесе одлука со која ќе се наложи на Министерството за животна средина да се алоцираат средства за реконструкција и пуштање на хидросистемот во употреба, наведува Ангов.

Заради тоа, тој повикува на почнување најголема кампања досега за Дојран, за езерото, без политики и поделби, туку заедно и сплотени да се постигне целта да се стави хидросистемот во функција и затоа на 9-ти идниот месец ги поканува сите на голема еколошка акција за расчистување на крајбрежието и почеток на заедничка борба за спас на Дојранското Езеро.

Инаку, според денешните мерења на УХМР нивото на водата во Дојранското Езеро е 76 сантиметри под договорениот минимум. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:АнговДојранското ЕзероМЖСППнефункционирањетоХидросистемот
Претходен напис Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…
Следен напис УЈП: Последен ден за поднесување на ДДВ – 04 пријавите, динамиката забавена
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?