Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: УЈП: Последен ден за поднесување на ДДВ – 04 пријавите, динамиката забавена
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > УЈП: Последен ден за поднесување на ДДВ – 04 пријавите, динамиката забавена
Агровести

УЈП: Последен ден за поднесување на ДДВ – 04 пријавите, динамиката забавена

Објавено 25/10/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Управата за јавни приходи (УЈП) известува дека денеска е последниот ден за поднесување ДДВ – 04 мсечни и тримесечни пријави. Следејќи го процесот на поднесување, утврдена е забавена динамика во поднесувањето на месечните и тримесечните ДДВ пријави на квартално ниво.

Според податоците до 15.07.2024 година, поднесени биле 13 проценти од очекуваните ДДВ 04 пријави, додека до 15.10.2024 година, овој процент опаднал на помалку од девет проценти.

Анализите покажуваат дека од 16 до 24 јули годинава, поднесени биле 72 проценти од очекуваните пријави, а во периодот од 16 до 24 октомври, поднесувањето изнесува 67 проценти од очекуваните ДДВ – 04 пријави, што укажува на забавено темпо во поднесувањето на пријавите во текот на октомври во однос на јули.

Управата за јавни приходи потсетува на важноста на навременото исполнување на даночните обврски и посочува дека ја разбира загриженоста на сметководителите од една страна, а ја охрабрува бизнис заедницата да ги поднесе своите документи до сметководителите без одлагање и со цел навремено поднесување на ДДВ – 04 пријавите. Потсетува дека законските рокови течат, а системите на УЈП работат 24/7, дури и за време на празниците ги поддржуваат даночните обврзници во овој процес.

-Вчера беа поднесени пријави од вкупно 6 873 даночни обврзници, а денес до пладне, поднесени се ДДВ – 04 пријави од 3 234 даночни обврзници, што укажува на вообичаена дневна динамика на поднесување. Континуирано потсетуваме на важноста на почитувањето на роковите и обврската на даночните обврзници да бидат одговорни во исполнувањето на своите даночни обврски, наведува УЈП.

МИА

Може да ви се допадне

Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Се чека со часови за влез во Грција. Километарски колони и покрај седум ленти
Германските земјоделци предупредуваат на можен недостиг на ѓубрива поради кризата на Блискиот Исток
Таг:ДДВ - 04забавенапоследен денујп
Претходен напис Ангов: Одговорноста за нефункционирањето на Хидросистемот за полнење на Дојранското Езеро е во МЖСПП, а не во Oпштина Дојран
Следен напис Трипуновски: 100% посветено работиме земјоделските производи да бидат препознатливи надвор од границите и да го намалиме увозот на храна во Македонија, така ќе ги заштитиме и земјоделците
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?