Многу сорти на кактуси имаат остри боцки кои делуваат како заштита на растението. Еден од најдобрите начини за безбедно пренесување, наводнување, пресадување, е да користите дебели заштитни градинарски ракавици. Ако немате, за тоа може да ви служи и полуотворен весник.
Меѓутоа, понекогаш едноставно немате време да ставите ракавици или некоја друга заштита и сте посегнале по кактусот голораки или не сте внимавале доволно и сте се боцнале.
Затоа е корисно да знаете дека треба да ставите неколку капки восок од обична свеќа на местото на убодот, а кога восокот ќе се стврдне, внимателно одвојте го од кожата. При вадењето на восокот ќе ги отстраните и малите боцки од кои инаку е тешко да се ослободите на друг начин.
За кактусите кои имаат фини боцки (кои лесно се кршат при пресадувањето), можете неколку часа претходно да ги навлажните боцките бидејќи навлажнетите боцки ќе станат помеки и помалку ќе се кршат.
