LOVOL е најголем производител на земјоделска опрема во Кина. Производството на комбајни опфаќа различни типови и опции за жнеење и силажење на посевите.
Kомбајнот LOVOL RG130 EVO интегрира висока ефикасност, високи перформанси, висок квалитет, висока удобност и висока безбедност. Овој модел е најнов дизајн на комбајн од RG EVO серијата, најмногу користен за жнеење на ориз и дава целосна претстава за потенцијалот на секој модул. Во однос на конфигурацијата, LOVOL RG130 EVO е лидер во индустријата како модел и серија без никакви недостатоци.
Kомбајнот LOVOL RG130 EVO поседуца моќен и ефикасен 4-цилиндричен дизел мотор со PERKINS технологија, моќност од 130hp, водено ладење, со турбо и комон реил систем. Трансмисијата LOVOL R110 и јапонскиот YANMAR 52cc HST хидростатички преносен систем се силна движечка сила и ја зголемува брзината на двостепениот пренос на хедерот што значително ја подобрува ефикасноста на оризовата берба. Оригиналните центрифугални, цилиндрични и двојни вентилатори имаат одличен ефект за чистење и издвојување на плодот.
Комбајнот LOVOL RG130 EVO располага со добро изолирана луксузна кабина и конзола со најнов ергономски дизајн, систем за вентилација и регулирање на климата за обезбедување свеж воздух, намалување на бучавата, создавајки чист, пријатен и удобен работен простор.
Комбајнот LOVOL RG130 EVO во понуда и без кабина со простран и удобен работен простор со ергономски дизајн, систем за вентилација и удобно седиште, кои го намалуваат заморот на операторот за време на долгите часови на терен.
Kомбајнот LOVOL RG130 EVO е со 3 години гаранција и целосна подршка во и вон гарантен рок во Нашиот високо опремен овластен сервис за сите застапувани брендови.
Спецификација за Kомбајн LOVOL RG130 EVO:
- Mоќност на мотор, 130hp
- Тежина на комбајн, 4200kg
- Димензија (ДxШxВ), 6200x2850x2900mm
- Kaпацитет на жнеење, 7kg/s
- Капацитет на сандук, 2300L / 2,3m3
- Работна ширина на хедер, 2800mm
- Висина на истовар, 0,9 – 5m
- Гумени гасеници со димензија 600x90x59
- Растојание помеѓу гасеници 1350mm
- Во понуда без кабина и со изолирана кабина со клима, панорамски стакла и друго.
За подетални информации, тимот на НАЈК ПРОМ ДООЕЛ Ви стои на располагање!
075/468-450; 072/261-251; e-mail: [email protected]
НАЈК ПРОМ ДООЕЛ е компанија која успешно работи безмалку 20 години на Нашиот пазар и професионално се занимава со трговија на големо и мало со продажба на трактори, земјоделска механизација, градежна механизација, мотоцикли, четирицикли и друго.
Генерални и директни увозници сме на повеќе познати и реномирани брендови како LOVOL, POLARIS, AODES, LINHAI, KAYO, SHINERAY, LONGJIA, OKAY Economic, AGROKUN и други.
Поседуваме високо опремени и квалификувани сервиси во Струмица и Битола со кои вршиме овластено сервисирање на сите брендови во и вон гарантен рок, редовни сервиси, целосна подршка на терен со голем возен парк и квалификуван кадар да одговори на сите потреби во најкраток можен рок.
Главна цел на тимот во НАЈК ПРОМ е давање на квалитетни производи и услуги кои одговараат на сите нормативни барања со што секогаш се грижиме за долготрајна и квалитетна соработка со Нашите ценети клиенти.