Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Договорно производство на СИН МАК за прехрамбената индустрија: Целосно механизирано, гарантирана цена и пласман
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Договорно производство на СИН МАК за прехрамбената индустрија: Целосно механизирано, гарантирана цена и пласман
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Договорно производство на СИН МАК за прехрамбената индустрија: Целосно механизирано, гарантирана цена и пласман

Објавено 05/10/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Нов проект Договорно производство на афион во организација на Агротим и фирмата – откупувач „Афиониа“ од Скопје како дел од компанијата Oilseed s.r.o со седиште во Прага која се занимава со организација на производство, преработка и пласман на афион.

Во ова договорно производство се работи за производство и откуп на син мак за прехрамбената индустрија. Процесот е целосно механизиран од сеидба до жетва, а откупувачот обезбедува сертифицирано семе кое е признато од МЗШВ, односно се наоѓа на листата на признати сорти на ЕУ.

Директорот на „Афиониа“- Милун Свичевиќ во разговор со заинтересираните земјоделски производители го презентираше проектот, условите на договорот и цената по која се ќе се откупува, а потенцираше дека земјоделците ќе имаат и стручна помош во текот на производството од страна на агрономи кои се специјализирани за одгледување на афион.


-Во Чешка, поседуваме фабрика со капацитет од 40 тони/ден афион исчистен до чистота од 99,9% Имаме големо искуство во организирање и реализирање на Договорно производство на афион. Се обврзуваме на производителот да му исплатиме загарантирана минимална откупна цена на семето и тоа веднаш после предавање на родот, во висина од 90 000 денари за еден тон. Доколку пазарната цена таа година е повисока од минималната загарантирана цена, а тоа ќе го знаeме после жетва, во тој случај до 15 септември ќе се исплати и разликата во цена како бонус – изјави Свичевиќ.

Овој афион за семе се сее во месец октомври и затоа е потребно сите што се заинтересирани земјоделци, тие што веќе планираат да сеат житни култури да се пријават што поскоро за вклучување во проектот Договорно производство на афион. Сертифицираниот семенски материјал го обезбедува откупувачот, а просечен принос се движи од 1 000 – 1 200 кг од хектар.

Сите заинтересирани производители можат да не контактираат во Агротим на 071 225 345 и ќе ги добијат потребните дополнителни информации како и можноста за склучување на договор со фирмата „Афиониа“ – Скопје.

Заради рентабилност на производството услов е земјоделските површини да се поголеми од 10 ха.

АГРОТИМ

Може да ви се допадне

Од 1 јули дополнително намалување и целосно усогласување на царинските стапки со ЕУ за 70 суровини и репроматеријали што се користат во домашната индустрија
Листа на најлошо платени работни места во Германија: Овие плати ги изненадуваат дури и германците
Трипуновски: Откупени над 60 милиони килограми пролетна зелка, скоро 9 милиони килограми повеќе во споредба со лани
Трипуновски: Оваа година е година на инвестиции и системски промени во земјоделскиот сектор
Војната на Блискиот Исток со диркетно влијание врз цената на ф’стаците: „Зеленото злато“ е најскапо во последните осум години
Таг:афиониадоговорно производствоиндустријаоткупсин макцена
Претходен напис Стари јадења од Долго село крај Загреб каде традицијата ја допира денешницата
Следен напис Во Струмица се одржа Агро саем, прогласени најдобрите жени фармери
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?