Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во СКСЗМ се одржа инфо-сесија за претстојниот ИПАРД јавен повик за мерка 7: Како до 600.000 евра за микро и мали бизниси
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Фондови > Во СКСЗМ се одржа инфо-сесија за претстојниот ИПАРД јавен повик за мерка 7: Како до 600.000 евра за микро и мали бизниси
Фондови

Во СКСЗМ се одржа инфо-сесија за претстојниот ИПАРД јавен повик за мерка 7: Како до 600.000 евра за микро и мали бизниси

Објавено 30/09/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија во рамките на информативните услуги, односно информации за пристап до финансии, одржа инфо-сесија за информирање на членовите за претстојниот јавен повик од ИПАРД III програмата. Инфо-сесијата имаше за цел да ги информира и помогне компаниите-членки за можностите што ги нуди повикот за грант до 600.000 евра од ИПАРД, конкретно во рамките на популарната Мерка 7.

Учесниците имаат можност да се информираат за тоа што опфаќа повикот, критериумите за аплицирање, техничките процедури и потребната документација за аплицирање за грант, кои приоритетни сектори ги опфаќа мерката, како и соодветните локации каде може да се реализира инвестицијата. Грантот може да се искористи за набавка на нови машини и опрема за производство и преработка, за покривање на трошоците за изградба или реновирање на капацитети во кои се одвива производството, но и многу други трошоци во рамки на инвестицијата.

Консултантот г. Илин Николовски од компанијата ДСИ Моментум Солутионс детално ги објасни чекорите што треба да се следат за да се обезбеди успешна апликација и предложи практични упатства за максимизирање на финансиските можности што ги нуди овој грант.

Исто така, имаше отворена дискусија помеѓу учесниците и консултантот, на која претставниците на компаниите членки поставуваа прашања, со што овој интерактивен сегмент беше корисен за компаниите членки што се однесува на техничките аспекти на оваа програма.

СКСЗМ продолжува да биде сигурен партнер за своите членови, обезбедувајќи поддршка и насоки за добивање грантови, како и за развој и раст на микро и малите бизниси во Северна Македонија.

Може да ви се допадне

СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Нови јавни повици за ИПАРД се очекуваат во четвртиот квартал од 2026 година
Седми состанок на Комитет за следење на ИПАРД Програмата 2021-2027
Одобрено обвинение за злоупотреби со ИПАРД, ќе се распределуваат преку АКМИС
(ВИДЕО) ИНТЕРВЈУ со директорката на АФПЗРР – Даниела Иротова – Лазарева: Ја враќаме довербата во агенцијата, постапките од ИПАРД 3 продолжуваат како и исплатите на субвенциите
Таг:инфо сесијаИПАРДМерка 7СКСЗМСтопанска Комора на Северо-Западна Македонија
Претходен напис Како Подравка го дуплираше производството на домати во Хрватска за само една година?
Следен напис Утрото посвежо, преку денот сончево со умерена облачност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?