Привршува бербата на доматите за оваа сезона. Водечкиот преработувач на домати во Хрватска трие раце, но и земјоделците, особено оние кои годинава посадиле за правпат.
Околу 30 илјади тони домати годинава се донесени од полињата во Славонија, Истра, Подравина, Меѓумурје и Херцеговина во новата фабрика за овошје и зеленчук „Калник“, која летово беше отворена во Вараждин.
Преработувачкиот погон е изграден за само една година и може да прими повеќе од 40 илјади тони домати годишно, кои понатаму Подравка планира да ги преработи. Фабриката има 1.000 тони дневен капацитет и потребно им е поголемо производство на домати. За да ја го задоволат својот капацитет тие планираат да ги зголемат површините на 520 хектари во 2025 година, како и да го зголемат бројот на кооперанти и склучени договори за производство на домати. Годинава биле склучени договори за произвоство со околу 250 производители и здруженија.
„Сите домати што доаѓаат во нашиот нов капацитет се произведуваат во Хрватска. Организиравме производство низ целата земја и на тој начин создадовме диверзификација што дополнително ќе го стабилизира нашето производство во иднина“, изјавил Иван Остојиќ, член на Управниот одбор на Групацијата Подравка и додал дека во моментот се фокусираат на силна поддршка за земјоделците кои ќе ги произведуваат доматите.
На состанокот одржан во петокот во Вараждин, кооперантите потврдиле се задоволни од соработката. Нивното производството им се кредитира, се финансира механизација и се покрива дел од транспортот, а се обезбедува и стручна поддршка.
Во обраќањето до кооперантите, Остојиќ истакнал дека Хрватска лани произвела 26.500 тони домати, од кои 6.000 до 7.000 се од Подравка.
„Годинава се произведение речиси 30.000 тони, што значи дека за една година двојно го зголемивме производството на домати во Хрватска“, заклучил Иван Остојиќ.
Подравка годинава на 61 хектар сопствено земјоделско земјиште произведе 6.450 тони домати, а преку здружувањето, на површина од 340 хектари уште 23.000 тони.
Тој истакна дека годинава е направивме значаен исчекор, особено во подигнување на квалитетот на соработката со земјоделците.
Просечниот принос бил 106 тони по хектар, а земјоделецот Мирко Бошковиќ од Винковци добил 112 тони по хектар.
Со сериозно земјоделско производство се занимава 28 години, има 59 години и пет деца, но очигледно нема намера да се пензионира.
Кога слушнал дека Подравка ќе договора производство во Славонија, ги контактирал и многу брзо започнала соработката. На состанокот на кооперантите дошол со синот Иван.
„Тоа што денес Подравка го прави за Славонија е она што го правевме ние како волонтери во 90-тите“, изјавил Мирко Бошковиќ, кој одгледува домати веќе 17 години, но никогаш во такви количини.
За него досега најголем проблем бил транспортот, бидејќи како што вели за една друга фабрика за шеќер, голем проблем била динамиката на транспорт на репката од нивата до фабриката. Но, во овој случај неговите домати по бербата брзо биле транспортирани во фабриката за домати во Вараждин.
Подравка планира палетите со кутии наскоро целосно да ги замени со таканаречените транспортни кади.
Купиле 45 и со нив оваа сезона поминале 166.000 километри.
Со изградбата на новиот погон Подравка го подигнала производниот капацитет на вкупно четириесет илјади тони по сезона. Значително е зголемен и бројот на подизведувачи, а голем дел од нив годинава за првпат започнале да произведуваат домати.
Годинава за потребите на Подравка се обработуваа над 700 хектари земјоделско земјиште низ цела Хрватска. Беа вклучени околу 250 индивидуални фарми со различни површини за производство.
„Развојот на земјоделското производство и суровини, зголемувањето на домашните земјоделски суровини ни е многу важен на сите во Подравка. И не само да го подобриме квалитетот на сопствените производи што ги продаваме низ целиот свет, туку и да придонесеме на пошироката општествена заедница и развој на земјоделството преку соработка со малите производители“, изјави Мартина Далиќ, претседател на Управниот одбор на Подравка Груп.
Во рамки на средбата со кооперантите се одржала панел дискусија со четворица земјоделски производители – Доротеја Санто од Ѓурѓевац, Перица Ороза од Пожега, Пера Пусиќ од Прелог и Мирко Бошковиќ од Церна кај Винковци. Тие зборуваа за сопствените искуства во производството на домати оваа сезона, соработката со Подравка, но и за предизвиците со кои се соочуваат.
На крајот Подравка ги награди своите најуспешни производители на домати. Награди за најголем принос добиле земјоделците Драган Звонар од Сопје, Доротеја Санто од Ѓурѓевац и здружението Амбасадор од Ѓелековац. Пригодна награда добил и нивниот земјоделец кој има најдолг стаж на соработка со фабриката – Стјепан Мајковица од Умаг.
Агроклуб