Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Почна жетвата на оризот во Кочанско, земјоделците незадоволни од откупните цени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Почна жетвата на оризот во Кочанско, земјоделците незадоволни од откупните цени
Агровести

Почна жетвата на оризот во Кочанско, земјоделците незадоволни од откупните цени

Објавено 24/09/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделците од кочанскиот регион ја почнаа жетвата на оризот од овогодишната реколта и првичните приноси ветуваат добар род на арпата. При лупењето на оризовото зрно рандманот достигнува околу 50 отсто бел ориз, но оризопроизводителите се разочарани од откупните цени.

Најавите што ги добиле од откупно-преработувачките капaцитети се дека килограм оризова арпа, во зависност од рандманот и сортата, ќе се откупува од 26 до 33 денари. Поради тоа земјоделците бараат да се изготви нова пресметка за производната цена, што е основа за откупната, затоа што актуелните 27 денари за трошоци за производство се далеку под реалните.

– Сè уште се водиме според онаа производна цена што беше пресметана од пред две-три години. Меѓутоа, од тогаш до денес имаме промени во производството, зголемена употреба на хербициди и пестициди, инфлација, со што и трошоците секако дека се зголемуваат. Потребно е да се направи либерализација на пазарот на оризот за да се обезбеди негово производство и во иднина на овие простори, истакна Стојче Ташовски од Националната мрежа на земјоделци.

Пролетва со ориз во Кочанско беа посеани околу 3.800 хектари од кои се очекува до крајот на октомври да се ожнеат 20 илјади тони оризова арпа, од кои по преработката треба да се добијат околу десет илјади тони ориз.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:жетваоризпроизводнацена
Претходен напис Зошто хрватските земјоделци се откажуваат од директните субвенции?
Следен напис Променливо облачно и топло, попладне во северните делови локален дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?