Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: СВР Битола поднесе кривични пријави против четири лица и правен субјект за предизвикување пожари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > СВР Битола поднесе кривични пријави против четири лица и правен субјект за предизвикување пожари
Агровести

СВР Битола поднесе кривични пријави против четири лица и правен субјект за предизвикување пожари

Објавено 14/09/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе пет кривични пријави против четири лица и едно правно лице за пожари предизвикани во периодот од 15 јуни до 10 септември  годинава. Според Министерството за внатрешни работи, пријавите се за „предизвикување општа опасност“.

Првата кривична пријава е поднесена против Ѓ.Д. (70) од Битола, кој на 29 јули  запалил оган во своја нива во село Братиндол, со цел да уништи инсекти, по што поради ветрот огнот се проширил и во соседните ниви.

Втората пријава е против Т.И. (27) од село Кременица, кој на 4 септември запалил стрниште во атарот на селото, а третата е против правно лице, бидејќи на 3 август во село Стрежево од искрење на жиците кои биле паднати од бандера во сопственост на пријавеното правно лице, предизвикан е пожар со кој се зафатени сува трева и дрвја.

Четвртата пријава е против Р.Р. (58) со привремен престој во Битола, кој на 4 август запалил плевна во село Црнеец, а пожарот се проширил на околната сува трева. Пријава е поднесена и против П.Б. (46) од Битола, кој на 4 август 2024 година запалил скара во близина на своето лозје во село Лопатица, што предизвикало пожар. 

Сите пријавени се товарат за „предизвикување општа опасност“ според член 288, став 1 од Кривичниот законик.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:кривични пријавипредизвикување пожариСВР Битолачетири лица
Претходен напис Како до 600.000 евра неповратен грант од ИПАРД за производство на мебел: Нови машини, опрема, објекти
Следен напис Во Прилеп се одржува манифестацијата „Млеко 2024“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?