Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Прилеп се одржува манифестацијата „Млеко 2024“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Прилеп се одржува манифестацијата „Млеко 2024“
Агровести

Во Прилеп се одржува манифестацијата „Млеко 2024“

Објавено 14/09/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На платото кај Градскиот саат во центарот на Прилеп денеска се одржува шестото издание на манифестацијата „Млеко 2024“. На штандови се изложени млечни производи на сточари од Пелагонискиот регион и други производи. Годинава манифестацијата се одржува под мотото „Предизвици во сточарството“.

-Сточарството е гранка која е соочена со многу предизвици. Освен саемскиот изложбено-продажен дел организираме и една мала конференција на која се опфаќаат климатските промени и нивното влијание, особено врз животните и на сточарството како гранка. Целта е да се понудат одговори за сите предизвици што ги има сточарството. Покрај институционалните, општествените и социолошките, битен елемент кој многу влијае се и климатските промени. Ние имаме стратегии, но со недоволна брзина ги следиме, така што, заостануваме. Не сме доволно динамични на европско ниво, а треба со поголемо темпо поради големото влијание на климатските промени на животната средина, изјави Елена Каровска Гошевска, програмски координатор во „Слоуфуд Македонија“ кој е организатор на манифестацијата, во соработка со локалната заедница на Прилеп.

Според сточарите, побарувачката и пласманот на млечните производи, посебно сирењето, се големи, но недостига работна рака.

-Има исплатливост. Јас цел живот се занимава со сточарство. Дури и од дома продаваме сирење. Ама нема интерес кај младите генерации за оваа гранка оти сака многу работа, вели Александар Јовчески, сточар и производител на сирење од општина Долнени.

Сточарите велат дека никој не сака, ниту за повеќе пари да се пријави да ги чува стадата.

-Еден од предизвиците е барањето работна рака. Не е ни малку лесно, ниту некој сака да чува овци, ниту за 700 евра. Ако веќе другите гранки увезуваат, па и ние да увеземе работна рака, смета млекопроизводителот Игор Поповски од Битолско.

Сметаат дека е потребна и државна стратегија за пласманот на млечните производи и на странските пазари, а таму, како што вела, се бараат.

-Имаме многу убаво искуство уште на минатогодишниот саем во Италија. Се бараа нашите производи, а воведуваме и нови технологии.  Ни треба стратегија која ќе го развие тој дел од сточарството и производството на млечни производи што ќе обезбеди пласман на македонските производи надвор од државата и девизен прилив, вели млекопроизводителот од Прилеп, Даниел Мирчески.

На манифестацијата „Млеко 2024“ се претставија и производители на мед, на зеленчук и на преработки од овошје. Тенденција е манифестацијата да премине во Фестивал на млекото. 

МИА

Може да ви се допадне

Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Се чека со часови за влез во Грција. Километарски колони и покрај седум ленти
Таг:манифестацијатаМлеко 2024Прилеп
Претходен напис СВР Битола поднесе кривични пријави против четири лица и правен субјект за предизвикување пожари
Следен напис Падна снег во Босна и Херцеговина
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?