Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Како до 600.000 евра неповратен грант од ИПАРД за производство на мебел: Нови машини, опрема, објекти
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Фондови > Како до 600.000 евра неповратен грант од ИПАРД за производство на мебел: Нови машини, опрема, објекти
Фондови

Како до 600.000 евра неповратен грант од ИПАРД за производство на мебел: Нови машини, опрема, објекти

Објавено 14/09/2024
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Една од целите на популарната Мерка 7 од ИПАРД III програмата е да се обезбеди поддршка за инвестиции во руралните средини насочени кон формирање и развој на алтернативни економски дејности, како и промовирање на претприемништвото и деловен развој. Поддршката во започнувањето нов бизнис и развој на микро и малите претпријатија е клучна во унапредувањето на конкуретноста и создавање работни места во руралните средини.

На претстојниот повик за оваа мерка може да се аплицира за неповратен грант до 60% од вкупните трошоци за инвестиции во производство на непрехранбени производи од 110 различни дејности (клик на линкот за целосната листа).

Во продолжение на овој текст ќе се фокусираме на поддршката за инвестиции во производство на мебел. Оваа група го опфаќа производството на секаков мебел: канцелариски, за продавници, столови и седишта (за хотели, ресторани, театри, кина), кујнски, душеци со пружини или исполнети со носечки материјал, непресвлечени душеци од гума или пластична маса, носачи на душеци, производство на каучи, каучи-кревети и каучи-фотелји, маси и столови за градини, мебел за спални соби, дневни соби, градини, лабораториски (клупи, столчиња, катедри, маси) и др.

Кој може да аплицира

На јавниот повик за мерка 7 може да аплицираат физички и правни лица кои ги исполнуваат критериумите за подобност.

  1. Физички лица
    • Со или без регистрирана дејност
  2. Правни лица
    • Микро и мали претпријатија со најмногу 50 вработени
    • Годишен приход најмногу до 10 милиони евра

Прифатливи трошоци

  • Набавка на нови машини и опрема потребни за производство и обработка на мебел: CNC машини за прецизно сечење и обработка на дрво и други материјали, панел пили, машини за кантирање, автоматизирано и рачно брусење и завршна обработка, стеги, хидраулични и пневматски преси, рачен алат и др.
  • Нови машини и опрема за подготовка и складирање на суровини
  • Вилушкари, транспортни приколки, палетарки, опрема за манипулација, товарање и растоварање, контејнери, палети, подвижни ленти
  • Опрема за мерење на тежина
  • Опрема за следење на квалитет
  • Контрола и систем за следливост на прием, складирање и дистрибуција
  • Лабораториска опрема и апарати за анализа на производот
  • Опрема за пакување и етикетирање на готовите производи, вклучувајќи складирање
  • Компјутерски софтвер (CAD/CAM софтвер и сл.)

Покрај нови машини и опрема, грантот може да се искористи и за покривање на 60% од трошоците за градење или реновирање на објекти во кои се одвива производството, обработката и/или складирањето на мебел (работилници, хали, магацини, инфраструктура за производство, административен простор).

  • Набавка на сите градежни материјали и елементи
  • Сите потребни работни операции и услуги за реализација на проектната инвестиција: подготовка на терен, градежни работи, реконструкција, транспорт и монтажа и др.
  • Набавка и поставување на фотоволтаици за сопствени потреби

Грантот е целосно неповратен, а се што е набавено во рамки на инвестицијата останува во сопственост на корисникот.

За повеќе информации и целосна подготовка на апликации јавете се на телефонскиот број
📞 071 285 385
или испратете e-mail на [email protected]

Листа на прифатливи дејности

Прифатливи се инвестиции во сите активности наведени во Националната класификација на дејности (НКД) под група 31 „Производство на мебел“.

ВАЖНО: На јавниот повик за оваа мерка може да аплицираат и постојни фирми кои имаат друга приоритетна шифра на дејност но планираат да започнат и со некоја од дејностите наведени во табелата.

ШифраНазив на дејност
31Производство на мебел
31.0Производство на мебел
31.01Производство на канцелариски мебел и мебел за продавници
31.02Производство на кујнски мебел
31.03Производство на душеци
31.09Производство на друг мебел
Табела 1: Преглед на прифатливи производни активности

Локација на инвестиции

Клучен предуслов за аплицирање е локацијата на која е планирано да се реализира инвестицијата да се наоѓа во рурална област, односно населено место со помалку од 30.000 жители. Покрај селата во Македонија, ова ги опфаќа и градовите: Берово, Богданци, Валандово, Виница, Гевгелија, Дебар, Делчево, Демир Капија, Демир Хисар, Кавадарци, Кичево, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Крушево, Македонска Каменица, Македонски Брод, Неготино, Пехчево, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Свети Николе и Струга.

Целосната листа на 1774 населени места определени како рурални области може да ја погледнете на овој линк.

ВАЖНО: Седиштето или живеалиштето на апликантот може да биде и во друго населено место.

За повеќе информации и целосна подготовка на апликации јавете се на телефонскиот број
📞 071 285 385
или испратете e-mail на [email protected]

Може да ви се допадне

Турција со историски рекорд во земјоделството
Потпишан договорот за грант за изградба на автопатот Скопје – Блаце
Потпишан грант од 2 милиони долари, за техничка помош за подготовка на проектот за изградба на ХС Злетовица – фаза 2 и 3
Трипуновски и директорката на Светска банка за Македонија и Косово ќе потпишат грант од два милиони долари
АД ЕСМ и Светска банка потпишаа договор за грант за мега проектот за когенеративна централа „ РЕК Битола 1“
Таг:грантИпардмебелМерка 7неповратенпроизводство
Претходен напис Променливо облачно со повремен локален дожд
Следен напис СВР Битола поднесе кривични пријави против четири лица и правен субјект за предизвикување пожари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?