Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АФПЗРР: Известување за нови мерки на поддршка за ПЧЕНИЦА и ЈАЧМЕН
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АФПЗРР: Известување за нови мерки на поддршка за ПЧЕНИЦА и ЈАЧМЕН
АгровестиСубвенции

АФПЗРР: Известување за нови мерки на поддршка за ПЧЕНИЦА и ЈАЧМЕН

Објавено 05/09/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува производителите на пченица и јачмен дека се усвоени нови мерки во насока на зголемување на финансиската поддршка.

1.Со дополна на Програмата за спроведување на интервентен фонд за земјоделството за 2024 година се воведе нова мерка за финансиска поддршка за остварено и продадено производство на пченица.

Корисници се земјоделски стопанства кои претходно имаат поднесено барање за директни плаќања по обработлива земјоделска површина со поледелски култури – пченица (барање за субвенции за засеани и ожнеани површини со пченица, подмерка 1.1) и оствареното производство го имаат продадено кај регистриран откупувач во период од 15 јуни до 5 септември 2024 година.

Исто така корисници се и земјоделски стопанства кои произведената пченица ја користат за потребите на сопствениот преработувачки капацитет запишан во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

Висината на финансиската поддршка изнесува 3 денари по килограм.

Исплатата ќе се изврши за количини кои не надминуваат 4.000 кг по пријавен хектар.

Исплатата ќе се изврши без поднесено барање од страна на земјоделското стопанство. Податоците за продадената пченица Агенцијата ќе ги обезбеди преку Државниот инспекторат за земјоделство.

2.Со изменување на уредбата за директни плаќања за 2024 година во подмерката 1.3 „Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1 за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афионова чушка“, висината поддршката за јачмен се зголемува од 6.000 на 12.000 денари по хектар.

Корисници се земјоделски стопанства кои имаат засеани и ожнеани површини со јачмен и ги исполниле следните услови:

–          Имаат поднесено барање за субвенции за подмерка 1.1,

–          Оствариле минимален просечен принос од 3.000 килиграми по пријавен хектар и

–          Оствареното производство го имаат продадено или складирано кај регистриран откупувач, го користеле за исхрана на сопствениот добиток или го продале на регистриран одгледувач на добиток.

Барањата се поднесуваат во електронскиот систем на Агенцијата до 25 декември 2024 година. 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:јачемнмеркипрограмапченицасубвенции
Претходен напис Ваучери за одмор за 1.777 лица со ниски примања
Следен напис Трипуновски најавува нови средби со преработувачите на црвена пиперка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?