Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовска: Време е за солидарност, доверба и точни информации
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Николовска: Време е за солидарност, доверба и точни информации
Агровест

Николовска: Време е за солидарност, доверба и точни информации

Објавено 24/03/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Почитувани земјоделци, агробизнисмени, земјоделски здруженија, задруги, синдикати, асоцијации, агрокомори…во овие вонредни услови за работа во нашата држава, време е да се екипираме и заеднички делуваме во интерес на земјоделското производство и вкупниот агрокоплекс.

Домашното производство на храна и на земјоделски производи како никогаш до сега го покажува своето значење за сите граѓани, стожер на стопанството и силата на една држава. Без домашни земјоделски производи државата е ранлива и несигурна.

Токму затоа, сега е потребна максимална концентрација на вашето познавање на работата, контактите со другите колеги земјоделци и агробизнисмени и релацијата со Владата односно Министерството за земјоделство заедно со сите институции од областа на агросекторот и граѓаните.

Навремените и точни информации исклучиво треба да ги добивате од институциите и да ги следите нивните препораки.

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенција за храна и ветеринарство,Платежна Агенција, Државен земјоделски инспекторат, Агенција за поттикнување на земјоделството и руралниот развој

Точни и навремени информации ќе имате и овде на Агротим.мк како и стручни совети, препораки, информации за исплата на субвенции, јавни повици за ИПАРД и други соопштенија од институциите.

Нашата зедничка доверба која ја градевме со години, сега треба да ја ставиме во функција на поддршка на вкупниот аграр за да поминете со најмала штета, а да и помогнеме на државата и стопанството.

Предлагајте, сугерирајте, жалете се, барајте решенија, кажувајте каде може да се набават вашите производи, давајте идеи како да се надмине овој тежок период.

Преку Агротим.мк целата наша комуникација ќе биде пренесена до институциите кои во овој момент се на висина на задачата и ќе се обидат да одговорат на сите ваши барања.

Ви стоиме на располагање на сите на следните телефони 071 225 345 или на [email protected]

Со оглед дека сме на почеток на новата земјоделска 2020, време на пролетна сеидба, на кроење, врзување во овошните и лозовите насади, подготовка на расади, а во фармите константно иста работа и исти проблеми…кажете што е она што ви е неопходно за овој период и тоа што очекувате за извршување на другите агротехнички мерки.

Одете на сигурно производство, за кое знаете дека ќе има пласман. Доколку имате поголеми површини, насејте ги со сончоглед преку договорно производство со што ќе имате и гарантирана цена. Контактирајте со трговците и откупувачите за да имате предвид што и како да произведувате.

Следете ги понудите на соработниците на Агротим, ние соработуваме само со сериозни компании и фирми.

Почитувани претседатели на земјоделски здруженија, задруги, асоцијации, комори, синдикати…ова е и ваше време, да покажете и да го оправдата постоењето на здружената форма како најдобро решение за земјоделците. Борете се за нив, давајте предлози во името на вашите членови, доставувајте барања и барајте поддршка од институциите. Тука сме да помогнеме вашите заложби да добијат гласност и реализација.

Заедно можеме многу да направиме.

Ленче Николовска

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
Официјално се означи почетокот на проектот „Имплементација на мерките за организација и уредување на земјоделските пазари“
Претходен напис Нови дополнителни ограничувања на движењето на граѓаните на целата територија
Следен напис Здрав и полн арома: Вака се одгледува и размножува циметот!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?