Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во организација на Задруга ШАРИ проект за поддршка на руралните средини и локалното население
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во организација на Задруга ШАРИ проект за поддршка на руралните средини и локалното население
АгровестиРурален Развој

Во организација на Задруга ШАРИ проект за поддршка на руралните средини и локалното население

Објавено 23/08/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Заменик министерот за земјоделство, Флакрон Беџети денеска присуствуваше на реализација на проект на Задругата Шари од Тетово.

-Денеска имав чест да учествувам на тридневната обука во рамки на проектот „Зајакнување на руралните средини: Поттикнување одржливоста во локалните заедници“, што го спроведува Задругата Шари со поддршка на Центарот за образование и развој (CED) во рамки на програмата “Empower Europe” на донаторот We Effect Europe, организирана во Попова Шапка Тетово.

Овој пројект претставува амбициозна иницијатива насочена кон поттикнување на одржливиот развој во Националниот Парк Шар Планина, за да се создаде хармоничен баланс помеѓу зачувувањето на животната средина и социо-економскиот развој на локалното население.

Им се заблагодарив на организаторите за оваа обука и проект кој поттикнува одржлива поддршка за земјоделството и сточарството.

Ги информирав и за годишната програма за работа на Владата на Република Северна Македонија, со цел да се воспостави подобра соработка меѓу министерството и производствените организации за одржливо управување со природните ресурси, стабилизирање на производството на храна, подобрување на стабилноста на пазарот и профитабилноста на сточарството, а со тоа и на земјоделството.

Министерството за земјоделство ја поддржува оваа соработка преку повеќе програми, пред се преку Програмата за земјоделство и рурален развој, ИПАРД програмата и други проекти финансирани од Европската Унија и други меѓународни донатори.

Дел од обуката беше и посета на локални фарми во регионот на општина Бервеница, каде имавме можност да видиме практични примери за одржливо земјоделство. Им благодариме на земјоделците Хасим Салии, производител на компир во село Седларце и Вели Деари, одгледувач на пиперки, за нивното гостопримство и споделување на нивното драгоцено искуство.

Фејсбук статус на Флакрон Беџети – Заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:задругапроектфлакроншари
Претходен напис (ВИДЕО) Од 2013 година Хрватска конечно има стабилна европска рамка која овозможува долгорочно планирање во земјоделството
Следен напис Царинска управа: Забрзување на транспортот и олеснување на трговијата, преку новиот проект за паметни граници со грант од ЕУ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?