Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ангелов: Пожарот на Галичица делумно под контрола, дејствуваат над 120 лица
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ангелов: Пожарот на Галичица делумно под контрола, дејствуваат над 120 лица
Агровести

Ангелов: Пожарот на Галичица делумно под контрола, дејствуваат над 120 лица

Објавено 17/08/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пожарот на планината Галичица, меѓу Охридското и Преспанското Езеро, делумно е под контрола, дејствуваат над 120 лица, информираше директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов преку видео изјава.

– Пожарот што повеќе од 20 дена гори делумно на територијата на ловиштето „Јасен“, а сега еден негов крак се движи кон селото Белица, е ставен под делумна контрола, неговото горење е значително намалено, на лице место дејствуваат 70 припадници на македонската Армија, заедно со локални пожарникари, како и вработени во „Национални шуми“, а на кракот кон „Јасен“ и вработени од ловиштето, појасни Ангелов.

До 13 часот во борбата со огнените јазици, дејствувале два хеликоптера, едниот армиски, другиот полициски, како и ер тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување.

Во текот на денешниот ден, до 16 часот, пријавени се вкупно 25 пожари на отворен простор низ државава. Во моментов, 11 се активни, шест се под контрола, а осум се изгаснати, соопштија од ЦУК.

Од 11 активни пожари во моментов, по два се во општините Долнени и Кичево. Еден е на територија на општините Охрид и Ресен, а по еден има на териториите на Дебар, Македонски Брод, Новаци, Пласница, Росоман, Чашка.

Од шесте под контрола, во три општини опожарена е мешана шума: Маврово – Ростуше, Чашка, на две места во Македонски Брод. Под контрола е и опожарената депонија во општина Делчево. Последниот пожар под контрола е на територија на општина Демир Хисар, на Илинска – Плакенска Планина, кај селата Вирово и Слоештица. Таму горела ниска вегетација. 

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:ангеловгаличицаделумно под контролаПожарот
Претходен напис Трипуновски: Откупните цени за грозјето кои што ги истакна Министерството мора да се почитуваат
Следен напис Пожарот над Гари ставен под контрола, нема никаква опасност по блиските села
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?