Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Директорот на Платежна – Стоилев: Ќе објавиме нови повици по мерките „Млад земјоделец“, „Рурална жена“ и други кои ги креираме заедно со земјоделците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Директорот на Платежна – Стоилев: Ќе објавиме нови повици по мерките „Млад земјоделец“, „Рурална жена“ и други кои ги креираме заедно со земјоделците
АгровестиСубвенции

Директорот на Платежна – Стоилев: Ќе објавиме нови повици по мерките „Млад земјоделец“, „Рурална жена“ и други кои ги креираме заедно со земјоделците

Објавено 15/08/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој е институција која има голема важноста за земјоделските производители и со особено внимание се следи нејзината работа, исплатата на субвенциите, повиците за ИПАРД и другите мерки од програмата за Рурален развој.

Од неодамна прв човек на АФПЗРР е Илија Стоилев од кого побаравме одговор на неколку прашања кои се од интерес на земјоделците околу исплатата на субвенциите и кои повици да ги очекуваат производителите до крајот на годината.

-Во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој во тек е анализа на сите досегашни мерки при што е поставена цел да се докаже оправданоста на подршката за секоја мерка поединечно како и досегашниот ефект од вложените финансиски средства. Контролата на терен ќе биде засилена и перманентна, бидејки граѓаните имаат право да знаат дали вложените финансиски средства наменски се употребени. АФПЗРР ќе одговори на очекувањата на земјоделците околу редовната исплата на субвенциите преку програмата за директни плаќања, а тоа го докажа владата која од формирањето искажа подршка на земјоделците во вкупна вредност од 2 .000.000.000 денари што значи дека до крајот на 2024 година ќе нема заостанати и неисплатени субвенции за 2023, 2022 итн.- изјави Стоилев.

Што се однесува до мерките од Програмата за рурален развој кои наидоа на голем интерес од страна на земјоделците, директорот Стоилев најави неколку.

-Заедно со МЗШВ ќе предложиме значителни новитети во креирањето на новата програма во насока на одрживост и развој на земјоделскиот сектор. Секако ќе објавиме нови повици по мерките „Млад земјоделец“, „Рурална жена“ и други кои ги креираме заедно со нив. Целосно ја отвараме агенцијата во функција на земјоделците, работиме на подобрување на транспарентноста и АФПЗРР ќе биде отворена за сите прашања, дилеми и проблеми на производителите – изјави за Агротим, Стоилев.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:земјаземјоделцимеркипрограмапроизводителирурален развојсубвенции
Претходен напис МЗШВ во септември ќе распише нови јавни повици за ЗАКУП на земјоделско земјиште во државна сопственост
Следен напис Стоилев: До крајот на годината ќе се исплатат сите субвенции за 2023 година!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?