Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пожарот на Галичица се уште активен, на социјалните мрежи повик за вклучување на граѓаните во гаснењето 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пожарот на Галичица се уште активен, на социјалните мрежи повик за вклучување на граѓаните во гаснењето 
Агровести

Пожарот на Галичица се уште активен, на социјалните мрежи повик за вклучување на граѓаните во гаснењето 

Објавено 15/08/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Десеттина дена гори сртот на планината Галичица, на две локации, на потегот над селата Лескоец и Стење во атарот на Општина Ресен, како и месноста Војтино на охридската страна од планината. 

Гори нискостеблеста вегетација, а пламенот брзо се шири потпомогнат од воздушните струења и екстремно високите температури.

Навечер може да се види и пламен на врвовите на планината во близина на границата кон Албанија, додека во текот на денот погледот кон планината е оневозможен од чад.

Изминатите денови беше дејствувано и од воздух, со ангажирани воздухолови. Хеликоптери и утрово го надлетува Охридското Езеро, но и гаснењето од воздух е отежнато бидејќи се работи на терен на голема надморска височина што дополнително го усложнува пристапот на воздухопловите. 

На терен постојано се распоредени неколку десетини пожарникари, волонтери на Планинската служба за спасување, на Националниот парк „Галичица“, на Црвениот крст од Охрид. 

Како и при неодамнешните пожари над селата Опеница и Косел, и овојпат изостанува поголема поддршка од локалното население во гаснењето, што е од исклучителна важност кога се работи за локализирање пламен во тешко пристапен терен.

Последната информација во врска со пожарот на Галичица е повикот што од синоќа се шири преку социјалните мрежи, за масовно активно вклучување на граѓаните во справување со непогодата, преку дејствување што би го оневозможило ширењето на пламенот кон шумските појаси.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:активенгаличицагаснењетограѓанитесоцијалните мрежи
Претходен напис ЦУК: Активни 12 пожари, седум се под контрола
Следен напис За една седмица во Грција двајца починати од Западен Нил и потврден 21 нов случај на вирусот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?