Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Европа се забележан првите случаи на заболени со вирусот ОРОВ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Европа се забележан првите случаи на заболени со вирусот ОРОВ
Агровести

Во Европа се забележан првите случаи на заболени со вирусот ОРОВ

Објавено 11/08/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Деветнаесет увезени случаи на вирусот Оропуче (ОРОВ), кој се шири на луѓето од заразени муви и комарци, се пријавени во земјите на Европската унија во јуни и јули, поточно 12 во Шпанија, пет во Италија и два во Германија.

Сите се поврзани со неодамнешните патувања во Куба и Бразил, се вели во соопштението на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ), пренесува Политико.

ЕЦДЦ соопшти дека ризикот од инфекција за европските граѓани кои патуваат во епидемиските области во Америка е „оценет како умерен“, но дека патувањето е особено ризично за бремените жени.

Веројатноста за изложување на луѓе во Европа е сè уште многу мала, бидејќи мушичките и комарците кои го пренесуваат вирусот се отсутни од континентот и нема документирани случаи на пренесување на вирусот од човек на човек.

OROV исто така може да предизвика треска, главоболка, гадење, повраќање и болки во мускулите и зглобовите.

Слично на Зика, ОРОВ може да предизвика спонтан абортус, развојни проблеми и деформитети на фетусот кај бремени жени, соопшти ЕЦДЦ, истакнувајќи дека ова сè уште се истражува.

Бразилското Министерство за здравство во јули објави дека четири бебиња се родени со микроцефалија, односно глава помала од нормалната и дека нивните мајки биле заразени со вирусот.

Не постои вакцина или лек за спречување или лекување на вирусот ОРОВ.

Иако болеста ретко е фатална, Бразил неодамна ги пријави првите две смртни случаи во светот од вирусот, и двете жени на возраст од 20 години.

Од јануари, над 8.000 случаи се пријавени во Јужна Америка, Централна Америка и Карибите, а епидемии се пријавени во Бразил, Боливија, Колумбија, Перу и Куба.

Европа, исто така, известува за зголемени случаи на болести пренесени од комарци, како што е вирусот Западен Нил, со неодамнешни случаи пријавени во Грција и Романија.

Извор: Канал5

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:европазаболеникомарецоров
Претходен напис Владата со итни мерки поради топлотниот бран, разрешена Верзиволи
Следен напис УЈП и Царина постигнаа рекорди во наплатата на приходи во јули
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?