Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Водата од водоводите на Демир Капија и Дрен не е за пиење, од комуналното претпријатие постапуваат по насоките на Центар за јавно здравје
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Водата од водоводите на Демир Капија и Дрен не е за пиење, од комуналното претпријатие постапуваат по насоките на Центар за јавно здравје
Агровести

Водата од водоводите на Демир Капија и Дрен не е за пиење, од комуналното претпријатие постапуваат по насоките на Центар за јавно здравје

Објавено 09/08/2024
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Водата од водоводите на Демир Капија и Дрен не е за пиење, од комуналното претпријатие постапуваме по насоките на Центар за јавно здравје, информираше денеска Петар Јованов, раководител на Водовод и канализација при јавното комунално претпријатие ,,Бошава”. 

– Дадовме известување до населението, по добиените анализи земени од Центарот за Јавно здравје Скопје. Центарот редовно зема за анализа по четири мостри. Од нив, две од градскиот водовод на Демир Капија. Анализата од едниот примерок не одговара на законските и стручни прописи во однос на испитаните параметри, за бактериолошка анализа. Вториот примерок, одговара на правилникот за безбедност и квалитет на водата за пиење, појасни Јованов во изјава за МИА. 

Другите две мостри биле од селата Дрен и Прждево. 

– Анализата од Дрен не одговара на законските и стручни прописи во однос на испитаните параметри за бактериолошка анализа. Според анализата од Прждево, водата одговара на законските и стручните прописи во однос на испитаните параметри, додаде Јованов. 

Тој нагласи дека по насоките на Центар за јавно здравје, работат на тоа да ја доведат водата во исправна состојба. Населението ќе биде навреме известено по првите примероци за исправност на водата. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ВодатаДемир Капијадренне е за пиењеЦентар за јавно здравје
Претходен напис Невообичаено високи температури на Антарктикот
Следен напис Стоилев: Исплатени субвенции за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?