Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Струмичкиот регион започна откупот на црвената пиперка-ајварка, земјоделците задоволни од цената
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Струмичкиот регион започна откупот на црвената пиперка-ајварка, земјоделците задоволни од цената
АгровестиПазари

Во Струмичкиот регион започна откупот на црвената пиперка-ајварка, земјоделците задоволни од цената

Објавено 04/08/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Раздвиженост во Струмичко, трактори со преполни приколки со пиперка ајварка брзаат кон откупните пунктови. На високите температури и понекое облаче денес земјоделците ја берат црвената пиперка- популарната куртовска капија произведена во пластеници и стакленици. Задоволни рекоа дека сега на почетокот цената е добра и се надеваат дека откупувачите и преработувачите ќе се придржуваат кон договорените откупни цени.

Во Муртино се откупува црвена пиперка произведена од пластеници. На еден од откупните пунктови кои ги посетивме Агро Стела цената е 50 денари за килограм за прва класа.

-„Задоволни сме од сегашниот квалитет на пиперката, во просек дневно откупуваме од 10 до 15 тони куртовска капија, засега откупените количини во целост завршуваат кај домашните преработувачи. Производството на отворено треба да стаса подоцна, кога почнува сезоната на подготовка на ајварот, се надевам дека ќе има доволно количини и добар род оваа година, вели Наце Kоцев, сопственик на откупниот пункт Агро Стела од Муртино.

Градинарите кои ги сретнавме на откупните пунктови ја поздравуваат одлуката на министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, за однапред договорената откупна цена на ајварката, но малку се двоумат како ќе биде одредувањето на класите од страна на откупувачите.

Министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски деновиве информираше дека е постигнат  договор за откупни цени на црвената пиперка. Прва класа ќе се откупува по цена од 40 денари, прва/втора класа 30 денари, втора класа за 20 денари и трета класа по цена од 12 денари за килограм а откупувачите и преработувачите се согласија дека ќе се придржуваат кон договорените цени додека трае откупот.

Овој период струмичките производители на црвена пиперка се обидуваат да го спасат родот од високите температури и постојано ги наводнуваат површините за подобар квалитет.

Очекувањата се и оваа година поголем дел од родот годинава да замине на странските пазари а помал дел да остане за домашните преработувачки капацитети.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:мзшвоткуппиперкаТрипуновскицветанцена
Претходен напис Трипуновски: Во наредните денови ќе биде исплатен ветениот 1 денар за грозјето
Следен напис Сончево и топло, попладне со локална облачност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?