Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Министерите во посета на компанијата „Тиамо“ во Сарај, 250 милиони евра за поддршка на компаниите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Министерите во посета на компанијата „Тиамо“ во Сарај, 250 милиони евра за поддршка на компаниите
Агровести

Министерите во посета на компанијата „Тиамо“ во Сарај, 250 милиони евра за поддршка на компаниите

Објавено 01/08/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, заедно со заменик претседателот на Владата задолжен за добро владеење Арбен Фетаи и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Флакрон Беџети го посетија селото Глумово во Општина Сарај, каде извршија увид во фабриката за преработка и производство на месни производи „Тиамо“.

За време на посетата, министерот Дурмиши беше информиран од страна на менаџментот на компанијата за тековната работа, плановите за идните инвестиции, зголеменото производство и проширувањето на пазарите во регионот.

Фабриката „Тиамо“, основана во 1997 година, е еден од најпопуларните локални и национални брендови, препознатлив по својот квалитет и долга традиција. Фабриката користи напредна технологија која го забрзува и олеснува работниот процес, зголемувајќи го квалитетот на производите.

Министерот Дурмиши го информираше раководството дека за поддршка на микро, малите и средните претпријатија, Министерството за економија и труд објави пет јавни повици согласно Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста за 2024 година. За овие мерки од Буџетот на Министерството се издвоени вкупно 80 милиони денари. Еден од јавните повици вклучува надоместување на дел од трошоците за сертификација на ХАЛАЛ системот. За оваа мерка се предвидени 2 милиони денари, со кофинансирање од 40% од докажаните трошоци, но не повеќе од 200 илјади денари за секој апликант. На овој повик може да аплицираат сите микро, мали и средни претпријатија од преработувачката индустрија кои ги исполнуваат поставените критериуми.

Исто така, министерот Дурмиши истакна дека се предвидени 250 милиони евра за поддршка на бизнисот, кредитни линии обезбедени од Владата во соработка со Република Унгарија. Министерството за финансии ги подготвува законите за оваа кредитна линија и ќе ги утврди условите за аплицирање. Финансиската поддршка ќе биде обезбедена преку комерцијалните банки или Банката за развој на Македонија, со цел да се создадат флексибилни услови за кредитирање на компаниите.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:компанијапосетаТиамофетаиФлакрон
Претходен напис „Тиквеш“ ги објави откупните цени на винското грозјето, лозарите се незадоволни, велат цените се мизерни, ова е грабеж на производителите
Следен напис МЗШВ следната недела ќе ја објави производната цена на килограм винско грозје
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?