Од МЗШВ информираат дека производната цена на килограм винско грозје за двете најзастапени сорти ќе ја објави во текот на следната недела.
Соопштение:
Ве известуваме дека производната цена за килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година се пресметува согласно Законот за виното (Службен Весник 74/24) по Методологија за пресметка на трошоците за производство на килограм винско грозје на определена површина и соодветен квалитет ( Службен Весник 146/24).
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство спроведе Јавен конкурс за избор на институција и склучи Договор со Земјоделски Институт – Скопје за вршење на услугата. По завршување на пресметката од страна на Земјоделски Институт – Скопје, министерството јавно ќе ја објави производната цена на килограм винско грозје во текот на следната недела.
Напишете коментар