Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Покачувањето на минималната плата е регулирано со закон, сакаме богати и среќни работници, порача Мицкоски
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Покачувањето на минималната плата е регулирано со закон, сакаме богати и среќни работници, порача Мицкоски
Агровести

Покачувањето на минималната плата е регулирано со закон, сакаме богати и среќни работници, порача Мицкоски

Објавено 31/07/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Покачувањето на минималната плата е регулирано со закон. Јас жалам за обидите на дел од раководството на синдикалните организации да бидат политичари или, пак, слуги на опозициски политичари или опозициски партии, а не да работат во интересот на работниците, одговори  денеска премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање во врска со зголемувањето на платите, а со тоа и на минималната плата.

– Мислам дека интересот на работниците е да има работа, а не да нема работа. Јас мислам дека тоа е интересот. Јас се борам да работниците имаат работа, да заработат затоа што колку повеќе ќе имаме богати и среќни работници толку подобро ќе биде и за нас. Нашата политика не е богати и среќни неколкумина политичари коишто се богатат на грбот на работниците. Нашата политика е да имаме среќни работници, а изморени, измачени политичари коишто работат за интересот на работниците, рече Мицкоски при посетата на Кавадарци.

Додаде дека со тие синдикални лидери е секогаш подготвен да седне и да разговара.

-А октроирани со фалсификувани документи лидери на синдикални организации коишто се политички инструмент на опозициски партии, коишто се сликаа најчесто пред 1 Мај а ништо не испорачуваа за работниците жалам, можам да изразам жалење што тие дозволиле да бидат вклучени во еден таков процес и ги замолувам во името на позицијата која што ја држат таква каква што ја држат на начин како што ја држат да внимаваат затоа што ние сме нивен партнер, на работниците. Сакаме да имаме среќни и богати работници, рече Мицкоски.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:минималецмицкоскиплата
Претходен напис Трипуновски: На 28 корисници им се врачени 67 нови договори за одгледување и заштита на дивечот во ловиштата
Следен напис Се повлекуваат поскапените нотарските тарифи, граѓаните нема да плаќаат 10 пати повеќе
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?