Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дејвид Гир: Владата покажува добар напредок на патот кон ЕУ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Дејвид Гир: Владата покажува добар напредок на патот кон ЕУ
Агровести

Дејвид Гир: Владата покажува добар напредок на патот кон ЕУ

Објавено 28/07/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Евроамбасадорот Дејвид Гир во интервју за Радио Слободна Европа го поздрави „напредокот на македонската влада“ на патот кон Европската Унија. Според него, значителен напредок е постигнат не само во дискусиите за реформската агенда, туку и во самиот реформски процес, кој позитивно се развива дури и во краткиот период откако е формирана владата. Во однос на уставните амандмани, Гир истакна дека веќе има решение на маса. Тој потсети на интензивните преговори кои се водеа од есента 2020 година и кулминираа со договорот постигнат на 22 јули 2022 година. Гир ги призна компромисите направени од двете страни за да се дојде до овој договор и го оцени како најдобриот можен во даденото време.

„Дали оваа влада би можела да постигне подобар договор? Јас лично многу се сомневам во тоа. Се разбира, тоа е прашање меѓу двете влади, но многу се сомневам дека тоа може да се постигне. И не гледам интерес во Брисел за повторно разгледување на преговарачката рамка, која е основа на преговорите. Како што велам, има решение на маса. Би било добро сега да напредуваме кон тоа решение.“, рече Гир.

Гир зборуваше за заемот од половина милијарда евра од Унгарија, прашање кое предизвикува многу дискусии во јавноста. Иако не може да коментира конкретни детали на заемот, Гир потврди дека ваквите заеми се вообичаена практика во рамките на Европската Унија. За 700 милиони евра од ЕУ за раст на Западен Балкан додаде новата Влада одлично ја исполнила задачата.

„Целосно се ангажираа. Во Брисел ќе има дополнителни разговори со земјите членки на ЕУ. Но, јас сум голем оптимист дека во текот на почетокот на есента, сето ова ќе биде завршено и ќе може да почне да ја поддржува Северна Македонија преку западните фондови.“, рече Гир.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:владаДејвид Гиреунапредокуставни измени
Претходен напис Кога ќе се здружат енолог и пчелар, резултатот е – МЕДОВИНА, прво македонско вино од мед на Антонио Петров и Илчо Костадиновски
Следен напис Фадил Асани е новиот заменик директор на АФПЗРР
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?