Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Шпаркасе Банка обезбеди до ЕУР 2 милиони кредитно финансирање на Макпрогрес, со поддршка од ЕБОР преку Програмата за споделување ризик
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Шпаркасе Банка обезбеди до ЕУР 2 милиони кредитно финансирање на Макпрогрес, со поддршка од ЕБОР преку Програмата за споделување ризик
Агровести

Шпаркасе Банка обезбеди до ЕУР 2 милиони кредитно финансирање на Макпрогрес, со поддршка од ЕБОР преку Програмата за споделување ризик

Објавено 23/07/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денес во просториите на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Скопје потпишавме кредитна линија со Шпаркасе Банка во износ до ЕУР 2 милиони за финансирање на идниот раст и развој на Макпрогрес ДОО Виница.

Одил Рено-Басо, Претседателката на ЕБОР изјави: ,,Ми претставува задоволство да потврдам дека е обезбедено кредитно финансирање до ЕУР 2 милиони за Макпрогрес преку Шпаркасе Банка, која е наша партнерска банка, при што ЕБОР ќе гарантира до 50% од износот на кредитот преку Програмата за споделување ризик. Овие средства ќе се искористат за поддршка на потребите на Макпрогрес за обртен капитал и потребите за ликвидност како одговор на зголемената побарувачка со која се соочува компанијата. Проектот ќе продолжи и со поддршката на новоизградениот мултидисциплинарен едукативен центар на компанијата, кој обезбедува акредитирани тренинг програми и признаена сертификација на пазарот на трудот во регионите каде овој тип на можности се помалку застапени.”

Нина Неданоска, Заменик-Претседател на Управниот Одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје изјави: ,,Шпаркасе Банка секогаш ги користела можностите да биде лидер во банкарската индустрија во рамки на соработката со важните развојни институции, фокусирајќи се на иновација и кредитирање на сектори кои се од примарно значење за економскиот развој. Шпаркасе Банка и Макпрогрес имаат воспоставено силна и здрава соработка, и среќни сме што истата успешно се унапредува, во случајов со поддршка на ЕБОР, која често ја поддржува нашата соработка со клиентите преку Програмата за споделување на ризик”.

Глигор Цветанов, Извршен директор на Макпрогрес, истакна: ,,Со овој договор кој го потпишавме денес, Макпрогрес ДОО Виница обезбедува финансирање за поддршка на дополнителниот раст и развој, зголемувањето на капацитетот на постоечките производи, развојот на нови производи и зголемената продуктивност и конкурентност. Шпаркасе Банка и ЕБОР се дел од нашиот раст и развој преку долгогодишна успешна соработка и ни претставува чест и задоволство да ги имаме како наши партнери.”

Макпрогрес е семејна компанија, со 640 вработени, која произведува и продава прехранбени производи под брендовите Винчини, Дониа, Сончева долина, Фантазија и Натура, во над 60 земји во светот.

Фејсбук статус на Глигор Цветанов

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:банкакредимакпрогресшпаркасе
Претходен напис Штетите во земјоделството од минатогодишното невреме во Кочанско проценети на 10,3 милиони денари
Следен напис Сите делови на ARUM MACULATUM (Козлец), вклучувајќи го и коренот се ОТРОВНИ поради високото ниво на ОКСАЛАТИ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?