Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Штетите во земјоделството од минатогодишното невреме во Кочанско проценети на 10,3 милиони денари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Штетите во земјоделството од минатогодишното невреме во Кочанско проценети на 10,3 милиони денари
Агровести

Штетите во земјоделството од минатогодишното невреме во Кочанско проценети на 10,3 милиони денари

Објавено 23/07/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вкупната штета од невремето што кон крајот на јуни минатата година ги зафати населените места во општина Кочани е проценета на околу 10,3 милиони денари.

Според пријавите што граѓаните ги доставиле до општинската Комисија за процена и утврдување на висина на штети од природни непогоди и други несреќи, околу 70 отсто од сумата е директна штета на земјоделските насади предизвикана од обилните врнежи од град. Остатокот е причинет со поплавување на површините и амбарите во кои биле складирани земјоделските производи.

– Најголеми оштетувања на градинарските култури има кај пиперот, каде градот и поплавите зафатиле над 22 хектари, а проценетата штета е околу 5,3 милиони денари. Кај житните култури најоштетена е пченката, при што на повеќе од 50 хектари штетата изнесува над 3,1 милиони денари. Оштетувања има и кај лозовите насади и овошките, но и кај оризот, кој иако е култура што бара вода, поради поплавување на површините предизвикана е штета од околу 250 илјади денари. Збирниот извештај, односно елаборатот со проценките е готов и деновиве ќе го разгледува Советот на Општината, по што ќе биде испратен до надлежната владина комисија. Исплатата што треба да се изврши од државниот буџет доцни подолг период, односно земјоделците сè уште не ги добиле парите за констатираната штета во 2022 година, истакна Зоран Зафиров, претседател на Комисијата за процена и утврдување на висина на штети на Општина Кочани.

Минатата недела заврши рокот во кој земјоделските производители ги пријавуваа штетите од невремето што го зафати кочанскиот регион на 24 јуни годинава. До Комисијата пристигнале поголем број пријави, главно од населените места во рамничарскиот дел на општината, каде поројните врнежи од дожди и град, проследени со силен ветер, предизвикаа штети кај посевите и на објекти. Постапката за проценка
ќе трае неколку месеци, по што ќе биде изготвен збирен извештај.

Надоместокот за отштета од елементарни и други непогоди што го добиваат граѓаните е многу низок, а според податоците од општинската Комисија, по пожарите од пред две години што го зафатија регионот, биле исплатени само пет отсто од проценетата вредност.

MИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Таг:кочанскоМзшвневремепоплаваштети
Претходен напис Од Скопје до Софија ќе се стигнува за два и пол часа, до Нова година готов експресниот пат Ранковце-Крива Паланка
Следен напис Шпаркасе Банка обезбеди до ЕУР 2 милиони кредитно финансирање на Макпрогрес, со поддршка од ЕБОР преку Програмата за споделување ризик
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?