Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Одлична можност за селските домаќинства – што е Рурален туризам?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Одлична можност за селските домаќинства – што е Рурален туризам?
АгровестиРурален РазвојФондови

Одлична можност за селските домаќинства – што е Рурален туризам?

Објавено 22/07/2024
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Кај руралниот туризам важни се традицијата, културните вредности, односот кон природата, спецификите на одреден простор, историјата, но клучен носител на толкувањето на сите вредности е човекот. Истовремено, руралниот туризам е важен во активирањето и одржливиот развој на руралните средини бидејќи помага во зачувување на локалниот идентитет, традиции и обичаи, ја штити животната средина, го зајакнува автохтоното, традиционалното и еколошкото производство и го помага развојот на руралните средини засновани на одржливи развој.

Да се занимаваш со рурален туризам на прв поглед е многу едноставно. Сепак, да пречекаш гости и да креираш туристичка понуда е напорна и интензивна работа која бара многу лична посветеност и пожртвуваност. Интересен е фактот дека се повеќе туристи сакаат да престојуваат во руралните туристички дестинации, се повеќе од нив се одлучуваат за пократки патувања и престој во уникатна природна средина, далеку од градската гужва, запознавање на културата и обичаите во разни места, дегустација на традиционални специјалитети, локална храна и пијалоци.

Интерес привлекуваат новите сеуште неоткриени дестинации како и подрачјата кои не се доволно развиени. Со користење на стимулации кои се актуелни преку Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство со поддршка од ИПАРД 3 има можност да инвестирате во Рурален туризам. Доколку планирате да инвестирате во рурален туризам, Мерка 7 од ИПАРД 3 програмата е токму за вас, бидејќи преку неа имате можност да добиете поврат на средстства во висина од 60% од инвестицијата.

Инвестирајте во РУРАЛЕН ТУРИЗАМ со ГРАНТ од 600 000 евра преку ИПАРД: Изградба и реконструкција на хотели, ресторани, апартмани…

За руралниот туризам може да се каже дека претставува релативно нова туристичка дејност која има свои предности а целта е да се врати човекот на традиционалните вредности и природната средина. Во исто време, важно е да се напомене дека руралниот туризам не се појавил само како потреба од нови туристички капацитети, туку за зачувување и ревитализација, односно заживување и обезбедување на нова дополнителна вредност на наследеното наследство и автентичната промоција на традиционалните знаења и вештини преку организацијата на атрактивна и оригинална туристичка понуда. Како една од главните задачи на руралниот туризам, акцентот е ставен да им се даде шанса на руралните жители за подобра заработка и спречување на емиграцијата на младите од руралните средини. Во руралниот туризам им се овозможува на домаќините да ги ангажираат сите членови на домаќинството, како и да продаваат производи од сопствено производство.

Населени места определени како рурални области кои можат да користат средства од ИПАРД

Нашава мала земја им должи на своите села и на нивните жители да ја зачуваат разновидноста на пејзажот и културата, како и на природното наследство. Имаме многу реки, безброј притоки и потоци, многу планини, долини, ливади и шуми со живот кој пулсира во секоја пора на земјата, секоја капка вода. Македонското богатство е во нашите села, во традицијата која го негува природното и културното наследство на различните пејсажи и луѓе.

Дипл. земј. инжинер – Билјана Наумовска Тошевски

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:куќаразвојрурален туризамрурални подрачјасело најново
Претходен напис ДВ: Милиони евра штета од пожарите во Македонија
Следен напис ИПАРД грант за производство на метални производи: До 600.000 евра за нови машини и опрема, изградба и реновирање на објекти
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?