Доколку планирате да инвестирате во рурален туризам, Мерка 7 од ИПАРД 3 програмата е токму за вас, бидејќи преку неа имате можност да добиете поврат на средства во висина од 60% од инвестицијата. Повикот за оваа мерка се очекува да биде во втората половина од годинава.
За да можете да аплицирате за користење на средствата од оваа мерка, треба да исполнувате неколку основни услови и тоа:
Подобни апликанти за Мерка 7-Диверзификација на фармите и развој на бизниси, можат да бидат:
– Физички лица:
- Лице регистрирано во Единствениот регистар на Семејни земјоделски стопанства
- Регистриран индивидуален земјоделец
- Физичко лице регистрирано како: занаетчија, угостител, трговец поединец
– Правни лица (микро и мали претпријатија):
- Правни лица регистрирани во Централен регистар, кои не вработуваат над 50 вработени и немаат годишен обрт над 10 милиони €.
-Задруги
- Задруги регистрирани во Централен регистер согласно законот за задруги.
Доколку аплицирате како правно лице, треба да знете дека инвестициите во градба / реконструкција за туристички цели за сместување и / или ресторански услуги се ограничени на:
- 20 соби (30 гости)
- 15 сместувачки единици за сместување на отворено (30 гости)
- 150 гости за ресторански услуги
Исто така важно е да се напомене дека доколку аплицирате со фирма која е новоформирана, односно нема поднесено ниту една завршна сметка, можете да аплицирате за максимален поврат на средства од 100 000 евра.
Доколку пак аплицирате со фирма која има поднесено најмалку една завршна сметка тогаш максималниот поврат на средства може да биде 600 000 евра.
Ако аплицирате како физичко лице, во тој случај се намалуваат капацитетите за инвестициите во градба / реконструкција за туристички цели за сместување и / или ресторански услуги и се ограничени на:
- 10 соби (20 гости)
- 10 сместувачки единици за сместување на отворено (30 гости)
- 50 гости за ресторански услуги.
За земјиштето и/или објектите кои се предмет на инвестицијата барателот треба да докаже:
- Сопственост или
- Договор за закуп (најмалку 7 години од денот на поднесување на барањето);
Новина во оваа програма ќе биде предфинансирањето, односно променет е и начинот на исплата на одобрените средства за одобрените проекти. Се предвидува авансна исплата на средства и тоа од 30 – 50 % од сумата со самото склучување на договорот за проектот.

За повеќе информации и изготвување на апликации испратете e-mail на [email protected] или јавете се на телефонскиот број: 070 267 789.
