Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ДВ: Милиони евра штета од пожарите во Македонија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ДВ: Милиони евра штета од пожарите во Македонија
АгровестиШумарство и водостопанство

ДВ: Милиони евра штета од пожарите во Македонија

Објавено 22/07/2024
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Милиони евра штета предизвикаа пожарите коишто ја зафатија Северна Македонија изминатите неколку недели. Најризично е на планината Серта, каде што изгоре огромна шумска површина. Ќе биде потребен еден век за да се поврати тоа што е изгорено. Но, тоа не е се. Проценките се дека штетата која што му е нанесена на еко-системот, загадувањето на воздухот и почвата, како и последиците врз дивечот и земјоделските култури се ненадоместливи. 

„Целиот еко-систем трпи огромни последици од пожарите. Изгорената дрвна маса е само една десетина од штетата која што ја предизвика огнената стихија врз загадувањето, земјоделските култури, почвата“, вели за ДВ Зоран Манев, раководител на подружницата „Серта“ – Штип на Национални шуми. 

Огнената стихија остави пустош 

Пожарот на планината Серта опустоши над 200 квадратни километри површина, пред се нискостеблеста шума. Штетата се проценува како катастрофална, а ќе бидат потребни повеќе години за да се надокнади. Во пожарите покрај шумите страдаа и дивечот и птиците. Огнената стихија зад себе остави вистински пустош. 

„Изгоре пред се ниско-стеблеста шума. За едно дрво да порасне 20 сантиметри во пречник ќе бидат потребни најмалку 50 години“, вели Манев. 

Заменик генералниот директор на ЈП „Македонски шуми“, Кирил Михаилов деновиве при посетата на опожарените места изјави дека првични проценки за штетите на шумите не можат да се направат, бидејќи се уште има активни пожари на терен. Но, како што вели овие штети се ненадоместливи.

„Штетата која што ќе ја претрпи планината Серта е епохална за неа. Јас мислам дека ќе треба еден век да се поврати ова што е изгорено. Ова е катастрофа. Буквално Серта ни отиде цела. И ова ќе има несогледливи последици во однос на климата во Штип и околните населени места“, изјави Михаилов. 

Се сумираат штетите 

Штетите се уште се сумираат, со оглед на тоа дека опасноста од нови пожари се уште демне. Нема простор за опуштање. Екипите на Национални шуми се на терен и будно се следи ситуацијата. 

„Жаришта демнат на сите страни. Додека да се изгасне едно, за кратко време ново се појавува. Доволно е само едно мало жарче за повторно да пламнат големи пожари“, вели Манев. 

Високите температури носат нови стравувања. Манев вели дека допрва престојат топли денови – обично почетокот на август е и најтопол, а такви се прогнозите и за ова лето. Температурите повторно се очекува да се искачат над 40 степени – а жештините носат и бројни ризици. 

Топлотниот бран кој ја зафати Северна Македонија, со недели не им дава мир на жителите во Штип, Неготино, Македонски Брод, Велес и Чашка. Најризично и понатаму е на планината Серта и во околината на резерватот Јасен. 

Центарот за управување со кризи информираше дека изминатото деноноќие имало вкупно 29 пожари на отворено од кои седум се уште се активни. Активен е пожарот меѓу селата Селце и Пухче во општина Штип каде гори мешана шума и пожарот во реонот на армискиот полигон Криволак кон Пенуш каде има многу голема „фронтова“ линија и гори ниска вегетација. 

Во општина Македонски Брод меѓу селата Брезница и Тажево гори квалитетна борова шума.  Активен е и пожарот во општина Чашка меѓу селата Габровник и Мокрени каде гори мешана шума и ниска вегетација Линијата на огнот со повремени прекини и појаки жаришта е голема се до Мукос, над Богомила. Пожар има и кај селото Небрегово во општина Долнени каде гори нискостеблеста шума, како и кај селото  Гостиражни. Се работи за префрлен пожар од селото Богомила. Изгаснати се 15 пожари на отворено.

од ЈП „Национални шуми“ во наредниот период најавуваат дека ќе бидат преземени мерки за пошумување на планината Серта, но и на другите планини зафатени од пожари. Проценките се дека од 2000 до 2021 година, Северна Македонија била зафатена од вкупно 4.811 пожари, во кои изгореле над 200 илјади хектари површина. Вкупниот опожарен шумски фонд во текот на 23 години е околу 2,5 милиони кубни метри, покажуваат податоците од првиот Национален извештај за состојбата со пожарите.

Според Државниот завод за статистика, само во периодот јуни – септември 2021 година, имало 142 шумски пожари од кои биле зафатени 11 420 хектари површината под шума. 

Извор: ДВ

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:еврамилионипланинапочваштеташума
Претходен напис Тиквешки лозароовоштари: Повторно да се активира служба за заштита од град
Следен напис Одлична можност за селските домаќинства – што е Рурален туризам?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?