Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Домашни билки благотворни за опуштање, одмор и поцврст сон
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Домашни билки благотворни за опуштање, одмор и поцврст сон
Магазин

Домашни билки благотворни за опуштање, одмор и поцврст сон

Објавено 22/07/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Секоја просторија изгледа поубаво збогатенa со домашни растенија, вклучувајќи ја и спалната соба. Но, тука пожелно е да се стави зеленило кое нема да ги лиши луѓето од кислород навечер, нема да собира прашина, и коешто е добро за сонот. Одредени растенија во затворен простор имаат дури и корисни ефекти за психофизичкото здравје, пренесува српскиот портал „Политика“. Следат неколку примери…Лавандата, на пр., е позната по своите смирувачки својства и се става во бања. И до креветот може да се стави ќесичка сушена лаванда, а може и саксија со живо растение во домот. Како додаток се користи во многу лекови против стрес и несоница.И спатифилумот може да се стави во спалната соба. Тој, според познавачите, помага за подобро спиење. Го филтрира воздухот во затворените простории и ја зголемува влажноста, што помага за полесно дишење и полн одмор.Ова растение треба да се чува подалеку од директна сончева светлина и редовно да се наводнува.Растение за квалитетен сон е и сансеверијата. Таа е позната по својата способност да ги впива штетните материи и честички и да го претвора јаглерод-диоксидот во кислород дури и ноќе (повеќето растенија го прават тоа само во текот на денот). Сè ова придонесува за брзо заспивање и цврст, здрав сон.

Зголеменото ниво на кислород е корисно и за менталното здравје, бидејќи ја зголемува енергијата и го подобрува расположението. Сансеверијата е прилично лесна за одржување – треба да се полева само еднаш на неколку недели, кога почвата е целосно сува. Важно е и тоа дека овој цвет сака индиректна светлина.

И гарденијата е растение со прекрасен мирис, којшто помага за опуштање и полесно заспивање. Имено, некои испитувања покажаа дека смирувачкиот мирис од гарденија ја намалува анксиозноста и има сличен ефект како апчиња за спиење.

Истражувањата покажаа и дека мирисот на јасмин може има слично „седативно“ дејство.

Англискиот бршлен, пак, го прочистува воздухот. Така ги отстранува штетните честички и создава домашна клима погодна за опуштање и лесно заспивање. 

МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:воздухдишењелавандаодморспална соба
Претходен напис Италијанскиот супермаркет Conad влегува на македонскиот пазар
Следен напис АХВ спроведе вонредни контроли во Дојран, Охрид, Струга и Преспа, уништени 8,7 тони небезбедна храна
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?