Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ФАО: Референтната вредност на светските цени на прехранбените производи е непроменета во јуни
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ФАО: Референтната вредност на светските цени на прехранбените производи е непроменета во јуни
Агровести

ФАО: Референтната вредност на светските цени на прехранбените производи е непроменета во јуни

Објавено 05/07/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) денеска објави дека референтната вредност на светските цени на прехранбените производи останала непроменета во јуни, со оглед на тоа што зголемувањето на меѓународните котации за растителни масла, шеќер и млечни производи го надокнади намалувањето на цените на житарките.

Индексот на цените на храната на ФАО, кој ги следи месечните промени во меѓународните цени на прехранбените производи со кои се тргува на глобално ниво, во јуни изнесуваше во просек 120,6 поени, што е за 2,5 отсто пониско од вредноста во јуни 2023 година и за 24,8 отсто пониско од максимумот во март 2022 година. Индексот на цените на житните култури се намали за три отсто во јуни во однос на мај, со намалување на котациите за индустриските култури, пченицата и оризот. Оваа промена беше делумно поттикната од подобрените производствени изгледи во главните земји извозници.

Индексот на цените на растително масло се зголеми за 3,1 отсто во споредба со мај, поттикнат од зголемувањето на глобалната побарувачка за увоз од американскиот сектор за биогорива за соино и сончогледово масло. По три последователни месечни падови, индексот на цените на шеќерот на ФАО се зголеми за 1,9 отсто во однос на мај поради загриженоста за влијанието на неповолните временски услови и монсуните врз производството во Бразил и Индија.

Индексот на цените на млечните производи се зголеми за 1,2 отсто, а меѓународните котации за путер го достигнаа највисокото ниво во последните две години поради зголемената глобална побарувачка за краткорочни пратки поради силната продажба на мало, сезонскиот пад на испораките на млеко во Западна Европа и ниските залихи во Океанија. Индексот на цените на месото беше речиси непроменет во јуни, бидејќи благото зголемување на цените на овчо, свинско и говедско речиси го надокнадија намалувањето на меѓународните цени на живината. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:јунинепроменетапроизводиРеферентната вредностфаоцени
Претходен напис Доделени 56 договори за поддршка на локални настани и саеми
Следен напис ВЛАДА: Нови именувања и разрешувања, 600 милиони денари за заостанати директни плаќања за земјоделците
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?