Утрово во општина Ново Село повторно ја отворивме Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, додека пак во општина Босилово отворивме Подрачна канцеларија.
Како што ветив, го ставаме Министерството и неговите вработени во служба на земјоделците, институциите поблиску до граѓаните.

Овие ПЕ и ПК на МЗШВ во општина Ново Село и општина Босилово ќе значи побрз и поедноставен начин за поднесување апликации, регистрации и информирање на земјоделците од овие две општини.
Ги олеснуваме процесите и постапките за македонските земјоделци бидејќи тие единствено треба да бидат фокусирани на производството!

Изразувам благодарност до градоначалниците Ѓорѓе Божинов и Ристо Манчев за нивната соработка и обезбедените простории во склоп на општинските згради, продолжуваме и во наредниот период со отворање на ПК во руралните општини каде што досега немало канцеларии од овој тип.

Фејсбук статус на Цветан Трипуновски – Министер за земјоделство
