Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Цинијата – незаменливо украсно цвеќе во градината
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Цинијата – незаменливо украсно цвеќе во градината
Магазин

Цинијата – незаменливо украсно цвеќе во градината

Објавено 03/07/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Општо познато е дека во градина каде што се сади зеленчук, треба да се додадат и цветни растенија што ќе привлечат опрашувачи, но и ги гонат штетниците. Можеби едно од најдобрите цвеќиња за оваа намена е цинијата – незаменливо украсно растение во градините.

Цинијата вирее на целосно сончеви места и не сака студено време, а доволно ѝ е само умерено наводнување. Нејзиниот цвет личи на маргаритка. Ова цвеќе во обем достигнува до околу 15 сантиметри, а има и прилично цврсто стебло, па преживува и без потпора. Можеби единствениот недостаток е што цвета само налето, односно три месеци во годината. Чувствителни се и на пресадување, па и тоа треба да се има на ум.

Но, бидејќи цвета лете во различни бои и облици, цинијата е одличен избор и како кастрено цвеќе, оти така трае подолго и ја задржува својата изворна боја и свежина.

Најубави се кога се садат во букет, а одлично изгледаат и меѓу украсни жалфии. Ако на сѐ тоа се додаде фактот дека се отпорни на суша и привлекуваат корисни инсекти во градината, циниите се уште подобар избор.

Доколку се садат од семиња, на пролетна топла почва, доволно е само плитко да се расее семето по исчистената и подготвена патека и да се покрие со слој темно ѓубриво компост. Семките од цинија се крупни и лесно ќе го пробијат тој слој, а со редовно полевање ќе никнат за неколку дена. Потоа треба само да се следат и да не бидат обраснати со плевел. Со правилно одгледување, растението ќе порасне за еден месец по сеидбата.

Проблем што може да се појави е тежината на растението, особено кај високите сорти. Затоа, ако изгледа дека саксиите може да се скршат, потпрете ги со дрвени колци.  

МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:градинатанезаменливоукрасно цвеќеЦинијата
Претходен напис ЦУК: Регистрирани 14 пожари на отворено изминатите 24 часа, сите се изгаснати
Следен напис Отворена ПЕ во Општина Ново Село и канцеларија на МЗШВ во Општина Босилово
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?