Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска одржа работен состанок со раководителите и стручниот кадар од Подружниците Брегалница – Кочани и Свети Николе при АД Водостопанство. За средбата информираше на Фејсбук:
„Изминативе години како најголем проблем во земјоделството се провлекува проблемот со вода за наводнување на земјоделските површини, заради досегашните лоши политики и негрижата за системите за наводнување земјоделците се соочуваа со недостиг на вода иако во акумулацијата има доволно количини на вода.
Направивме динамичен план како во наредниов период да се раководи со системите за наводнување сѐ со цел да се обезбеди дотур на вода во Кочанско поле и во Овчеполието. Очекувам сериозен ангажман од раководните структури на подружниците и во целост да се оствари планот и водата да пристигне до крајните корисници, земјоделците.
Дополнително дадов насока одговорните лица навремено да ги известат земјоделците за периодот во кој ќе имаат можност да ја користат водата сѐ со цел плански да пристапат кон производството, напиша на социјалните мрежи министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски“ – напиша Трипуновски.
