Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Презентации за ефикасни практики за известување за климатските промени и животната средина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Презентации за ефикасни практики за известување за климатските промени и животната средина
Агровести

Презентации за ефикасни практики за известување за климатските промени и животната средина

Објавено 12/06/2024
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

За теми од животната средина во нашите медиуми недоволно се известува и новинарите не се специјализирани да креираат приказни од оваа област. Животната средина речиси не постои како сектор во македонските медиуми за разлика од светските, па и регионалните, кои имаат и редовни секции/теми за кои известуваат секој ден.

На настан што денеска го организираше Македонскиот институт за медиуми (МИМ) за новинари, уредници, претставници на граѓанските организации и активисти, беа споделени начини за ефективно известување за климатските промени и животната средина и за клучните принципи на одговорното новинарство, вклучувајќи ја точноста, правичноста и транспарентноста. 

Присутните имаа можност да дознаат како да се известува за овие комплексни теми на различни медиумски платформи и да се запознаат со најдобрите практики во известувањето за климатски вонредни состојби, обезбедувајќи практично знаење и стратегии за ефективно раскажување приказни.

Новинарот со долгогодишно искуство во оваа област Александар Манасиев истакна дека кај нас темите што доаѓаат од странски медиуми и се однесуваат на извештаи од светски организации, како на пример за влијанието на глобалното затоплување врз здравјето на луѓето, не се локализираат туку често се пренесуваат во целост онака како што се објавени изворно. 

Точно е дека глобалните медиуми имаат ресурси, рече тој, но тоа не значи дека нашите медиуми не треба да ги препознаат овие важни прашања како наша потреба и да ја локализираат приказната. Посочи неколку стратегии за локализирање на глобалните приказни при што основно е каков е импактот врз локалното население. Притоа, на приказната/темата може да и се пристапи од различни агли, но да се избере еден кој ќе се разработи – на пример какво е влијанието на зголемувањето на температурата врз здравјето, економијата, миграциите, културата итн.

Исто така, приказната да има локален контекст, на пример да се известува за влијанието врз одгледувањето земјоделски култури специфични за некој регион или некоја микроприказна за одредени животински видови, како на пример рисот или пастрмката. Притоа, рече Манасиев, важно е да има емотивно поврзување т.е. приказната секогаш да биде со конкретно лице кое има реален проблем.

-Мора да се најде локален контекст за да се загрижат луѓето, но тоа не значи тие да се исплашат и да се предизвика паника, туку да се информираат и едуцираат и да се поттикнат на преземање акција во рамки на нивните можности, рече Манасиев.

Новинарите кои работат на овие теми ги советуваше да ги знаат домашните правни регулативи и законите и да ги следат извештаите на светски организации кои третираат прашања од екологијата. 

Глобалните податоци да се соопштуваат во контекст разбирлив за граѓаните, за да им бидат јасни последиците од одредени појави, како на пример што конкретно значи зголемувањето на просечната температура од (само) 1 степен. Корисно е, рече, и да се прават споредби кога се пишува за бројки – на пример, ако се пишува за загубени финансиски средства да се направи споредба што би се купило со тие пари, или пак, кога се пишува за загубени шуми во површина, да се спореди со конкретни објекти за податоците/бројките да имаат опиплива големина.  

На настанот презентација имаше и Јадранка Иванова од Институтот за добро владеење и политики во животната средина и климатските промени, правник и експерт за екологија која 20 години работела во Министерството за животна средина и просторно планирање.

Таа се осврна на механизмите за соработка на граѓанските организации и новинарите за ефективно медиумско известување. Посочи дека алатките што ги има НВО-секторот  се корисни за новинарите затоа што им даваат нова перспектива и поголема стручност за разработка на овие теми. 

-Информацијата за јавноста треба да биде лесно разбирлива затоа што животната средина и климатските промени се комплексни области, рече Иванова која советуваше новинарот секогаш да се праша дали неговата информација ќе влијае на подобрување на одредена состојба и на наоѓање соодветно решение. 

Препорача новинарите да имаат редовна комуникација со граѓански организации, но да препознаат дали нивниот однос кон одредени проблеми е критички или поттикнувачки. Како што рече, не сите граѓански организации се квалитетни и стручни и не секоја од нив е валиден соработник. 

Иванова ја нагласи  важноста од обуки, семинари и вмрежување во регионални мрежи. Новинарите треба добро да ја знаат домашната легислатива затоа што, рече, имало случаи кога се објавуваат написи при што авторот/новинарот не е запознат кои се надлежностите на МЖСПП, општината или приватниот сектор. Како пример го посочи управувањето со отпад за што одговорноста е кај локалната самоуправа, иако некои медиуми во своите објави го посочиле Министерството. 

 Настанот се одржа во рамки на проектот „Зајакнување на улогата на медиумите во справувањето со климатските промени“ што се спроведува преку проектот SMART Balkans – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, финансиран од Министерството за надворешни работи на Норвешка. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ефикасни практикиИзвестувањеклиматските променипрезентации
Претходен напис Лидл купи имот од Скопски пазар во општина Гази Баба
Следен напис Повик за компании: Аплицирајте за користење на бесплатна експертска поддршка од канадски советници
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?