Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЦУК: Поплавувања и штети од невремето на објекти, земјоделски површини, патишта и автомобили
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЦУК: Поплавувања и штети од невремето на објекти, земјоделски површини, патишта и автомобили
Агровести

ЦУК: Поплавувања и штети од невремето на објекти, земјоделски површини, патишта и автомобили

Објавено 22/05/2024
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, вчера од попладне до доцна во ноќта, се пријавени повеќе случаи на поплавувања и штети од пороен дожд, гради ветер, на објекти, куќи, земјоделски површини, на патишта и автомобили, како и заглавени луѓе во возила заради порои од земја и одрони.

Пријави 112 имало од општините Куманово, Старо Нагоричане и Липково, како од Скопскиот и од други региони. ЗОД ЦУК предупредуваат дека поради обилните вчерашни врнежи во Косово се очекува зголемување на водостојот на Лепенец и во земјава.

Во регионалниот ЦУК Скопје, се добиени пријави за падната голема гранка од дрво во дворот на „Капан Ан“ во Старата скопска чаршија, за  оштетен кров од куќа и автомобил од невремето во с.Горно Блаце, за поплавени простории од куќи и објекти на ул. „Славка Димкова“, во населбата „Драчево“.

Регионалниот ЦУК Штип информира дека било интеревенирано за отстранување на паднато дрво на ул. „Енгелсова“.

И покрај локалните поројни дождови имало еден пожар евидентиран на отворено. Пожарникарите од ТППЕ Крушево, од 13.30 до 15.00 часот, со два пожарникари и едно теренско возило интервенирале на запалена ниска вегетација и папрат на површина од 0,2 хектара кај месноста „Слива“.

Регионалниот ЦУК Куманово, известува дека е добиена дојава за оштетен пат од обилни врнежи од дожд во с.Сушево. Патниот правец е непрооден, а за проблемот се известени во Општина Куманово за понатамошно решавање на проблемот. Пријавено бло и дека во месноста „Света Петка – Пелинце“ во Општина Старо Нагоричане невремето има донесено тампон и песок и постои опасност од лизгање на автомобили. За ова веднаш е известено ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта за нивна понатамошна постапка односно за расчистување на патот.

Регионалниот ЦУК Охрид, известува е добиена пријава дека кај месноста „Кула“ на територија на Јавно претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „Јасен”, две патнички возила заглавиле на патот поради одрони на камења и насип на песок. Возилата, најбрзо што било можно, биле ослободени од страна на вработени на „Јасен“. Но, патот, за којшто има забрана за движење на возила во вечерните часови, останува да се исчисти денеска од страна на вработените на „Јасен“, коешто јавно претпријатие е и надлежно за одржување на тој потег од патот.

ЦУК апелира на внимателност при појавата на локалните кратки, но нагли метео промени, да се избегнува движење во засеци во природата, суводолици и многу блиску до речни корита, а и особена внимателност при грмежите и молњите, односно при силните електрични празнења: да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. Потсетуваат и на внимателно возење, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на помали одрони при вакви променливи метео услови. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

МИА

Може да ви се допадне

АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Таг:земјоделски површининевреметообјектипатиштаПоплавувањацукштети
Претходен напис Најмногу дожд во Велес 20 литри на квадрат
Следен напис Првиот случај на птичји грип откриен на фарма во Австралија не е истиот вид како во САД
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?