Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ставена во функција метеоролошката станица во Карбинци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ставена во функција метеоролошката станица во Карбинци
Агровести

Ставена во функција метеоролошката станица во Карбинци

Објавено 11/03/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Метеоролошката станица во Општина Карбинци е ставена во функцијата. Таа се наоѓа зад зградата на училиштето „Страшо Пинџур“ во Општина Карбинци.

Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов вели дека станицата подолго време не била во функција, но во координација со Центарот за развој на Источно плански регион ја враќа во функција. Тој изјави дека е склучен договор со добавувач, кој ќе се грижи за одржување на станицата, а со тоа ќе се помогне на земјоделците.

– Општина Карбинци во соработка со Источно плански регион склучивме нов договор кој ќе значи оспособување на хидрометеоролошките станици кои во минатото беа поставени и на териториите во општините од Истокот. Она што е важно за земјоделците е дека веќе почнува со функционирање оваа метеоролошка станица, вели Паунов.

Карбинскиот градоначалник, Паунов додава дека населението во општината егзистира пред сè од земјоделство и сточарство сите параметри ќе бидат достапни на земјоделците на електронска апликација, која може да се симне на мобилните телефони. Лесна е за користење и може да ја следат сите земјоделци.

– По пат на електронската апликација која е достапна на мобилните уреди ќе може да ги следат сите параметри, кои се нудат од оваа метеоролошка станица, како што се врнежи од дожд, количество на наврнат дожд, ветрови, откривање на болести на потенцијални болести на земјоделските култури, ув индексот и многу други параметри кои се важни за земјоделците. Навистина направивме напори да биде оспособен овој уред затоа што и те како е важно особено за Општина Карбинци, рече Паунов.

Сумата која ќе се одвои од општината за метеоролошката станица да биде функционална е скромна и тоа на годишно ниво, па Паунов е дециден дека општината може да си дозволи за да и помогне на земјоделците. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Карбинциметеоролошката станицаСтавенафункција
Претходен напис Македонските вина промовирани пред светската јавност на „ProWein 2024“
Следен напис Промениво облачно и нестабилно, со пороен дожд и грмежи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?