Прилепските земјоделци поднесоа преку 240 барања за околу 1000 хектари да земат под концесија при последниот оглас на Министерството за земјоделство што траеше од 10 јануари до 8 февруари. Максимално може да земат до 3 хектари под концесија на државно земјоделско земјиште за производство.

Според подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Прилеп, понудени биле сите слободни земјоделски површини во Прилепско, Долненско и Кривогаштанско. Најмногу земјоделците се заинтересирани за поледелските култури – житните и градинарските, а има и за овоштарници.
Земјоделците под концесија може да земат најмногу 3 хектари државно земјоделско земјиште и најдолго до 30 години.
МИА
