Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Субвенциите се исплаќаат навреме, сточарите веќе од денеска ќе ги имаат за 2024 година 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Николовски: Субвенциите се исплаќаат навреме, сточарите веќе од денеска ќе ги имаат за 2024 година 
Субвенции

Николовски: Субвенциите се исплаќаат навреме, сточарите веќе од денеска ќе ги имаат за 2024 година 

Објавено 09/02/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сточарите денеска и утре на сметка ќе ги имаат субвенциите за 2024 година, во наредниот период започнува исплатата на субвенции за полјоделците, градинарите, а до празникот „Свети Трифун“ пари ќе добијат и лозарите. Ова денеска од Светиниколскиот регион  го изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. По најавите на земјоделците од кочанско дека ќе протестираат ако не добијат субвенции до крајот на месецот, Николовски одговори дека 2024 година ќе биде историска бидејќи се исплаќаат субвенции за истата година.

– Платежната аагенција веќе започнува со исплати на останатите субвенции, односно први исплата ќе добијат сточарите кои во 2023 година не беа опфатени во делот на основната исплата. И повторно 2024 година ќе биде историски прва година за сточарите кога ќе добијат пари во 2024 година за 2024 година. Се подготвуваат сите исплати за полјоделците, за лозарите пред „Свети Трифун“, за градинарите, вели Николовски.

Дециден е дека и зелената нафта се исплаќа најредовно досега, додавајќи дека земјоделците уште во август добиле картички за зелена нафта.

-Зелената нафта се исплаќа најредовно, тоа се случува во мај постапката за избор на оператор и немало никаков застој во тој дел, рече Николовски.

Само во светиниколско 2.500 земјоделци веќе добиле картички за зелена нафта, а потрошената вредност е речиси два милиони денари. 

МИА

Може да ви се допадне

Директорот на Царина Николовски: Со месеци работиме на истрага за акцизна стока – нешто на што досега било незамисливо да се работи
Еве кои земјоделци до 15 мај треба да поднесат барања за субвенции за 2026!
Денеска е Велика среда
Денеска се слави Свето Благовештение (Благовец)
Денеска е Велики вторник
Таг:2024денесканавремеНиколовскисточаритеСубвенциите
Претходен напис Прилепските земјоделци заинтересирани за државно земјоделско земјиште под концесија
Следен напис Николовски од Свети Николе: Сите земјоделци од оваа 2024 година добиваат 100% поддршка за зелена нафта, го исполнивме зборот даден пред земјоделците
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?