Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Македонското земјоделство е успешен модел и пример за искористување на европските пари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Македонското земјоделство е успешен модел и пример за искористување на европските пари
Агровести

Николовски: Македонското земјоделство е успешен модел и пример за искористување на европските пари

Објавено 24/01/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Македонското земјоделство покажа дека е подготвено да ги апсорбира парите од европските фондови без кои нема модернизација и развој. Станавме пример и успешен модел што сакаат да го следат земјите во регионот. Тие прашуваат за нашите политики, прашуваат што сме направиле, за тоа да биде поприменето кај нив, рече министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на панелот „Земјоделство и рамномерен регионален развој – ЕУ можности и перспективи“ што се одржува утрово во рамки на конференцијата „Година на европски можности“.

Тој ја оцени изминатата година како исклучително успешна, а за оваа најави низа проекти. Меѓу приоритетите, истакна, ќе биде државата да има што повеќе мали производители на храна, а фокусот, како што дополни, ќе се стави на финалните производи.

-Во 2023 година докажавме дека најголем дел од економијата базира на земјоделството. Немавме ниту еден протест, но најважно мерило беа политиките и програмите. Македонското земјоделство е успешен модел  како може да се користат европските пари. Покажавме дека можеме да бидеме пример во однос на ИПАРД. Ако во ИПАРД 1 искористивме 10 отсто од вкупните средства и вративме 55 милиони евра во европската каса, овие пет години, од 2017-ма до крајот на 2023-та, вративме нула евра во европската каса. Имаме рекорден број догооври, 2 400, над 2 200 договори се исплатени, а инвестициите се реализирани. Нема напред, нема модернизација и развој без европските средства, но нам ни требаат една милијарда, многу финансии и затоа сме прва земја што го почна ИПАРД 3, ниту една друга земја лани не ја почна оваа Програма. Повторно имаме рекорден број барања и за двете мерки, над 1 100 апликации, близу 100 милиони евра се бараат, рече Николовски.

По него на панелот, зборуваше министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, а учествуваат и директорот на Платежната агенција Никица Бачовски, како и Елена Младеновска Јеленковиќ од „Вина за Македонија“. 

МИА

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:европските париМакедонското земјоделствомоделНиколовскипример
Претходен напис ЦУК: Шумски пожари и при снежни услови, да не се палат отпадоци и контејнери на отворено
Следен напис Пенов: За регионален развој лани вложени 14 милиони евра или пет пати повеќе во споредба со 2016 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?