На состанокот во присуство на претставниците на Генералниот директорат за земјоделство и руралниот развој при ЕК Франк Болен и Зиго Руткоски како и бројни претставници на компании, здруженија, ЛАГ-ови, ЗЕЛС, стопанските комори и разни сојузи се презентираа резултатите во врска со реализација на ИПАРД II и ИПАРД III на вториот состанок на комитетот за следење на ИПАРД програмата 2021 – 2027
Во ИПАРД II програмскиот период поддржани се 2365 корисници и склучени се договори од 62.4 милиони евра што е ![]()
![]()
% од доделениот буџет од ЕУ.
Досега се реализирани и исплатени 2094 инвестиции, а реализацијата ќе продолжи до крај на 2024 година.
Во следниот период ќе започне и доделувањето на решенијата за финансиска поддршка за инвестиции во М3 од последниот повик ИПАРД II.
Паралелно, ИПАРД агенцијата е во процес на евалуација на проектите пристигнати по првиот повик од ИПАРД III. Објавени беа М1 и М7 со буџет од 30 милиони евра при што пристигнаа повеќе од 1160 проекти со вкупна побарана вредност од 96 милиони евра.
Фејсбук статус на Никица Бачовски – Директор на Платежна агенција
