Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: 2,3 милиони евра финансиска поддршка за стартапите, преку повикот „Стартапувај 5”
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > 2,3 милиони евра финансиска поддршка за стартапите, преку повикот „Стартапувај 5”
Агровести

2,3 милиони евра финансиска поддршка за стартапите, преку повикот „Стартапувај 5”

Последна измена: 21/12/2023 13:23
Сподели
3 мин. за читање
Сподели


Фондот за иновации и технолошки развој денеска ги прогласи добитниците на финансиска поддршка преку јавниот повик „Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин оф“, преку кој 2,3 милиони евра се распределуваат за развој и поттикнување на иновативноста кај домашните претприемачи и започнувањето на сопствени бизниси.

Вкупно 61 проектни апликации (29 компании и 31 проектни тимови) се поддржани преку повикот „Стартапувај – 5” кои ќе започнат со реализација на своите иновативни идеи и бизнис проекти поврзани со истражување и развој. Од вкупниот буџет на повикот, 2,3 милиони евра се инвестиција на ФИТР, додека 412 илјади евра се средства кои ќе ги инвестираат самите компании.

Во рамките на настанот, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Фестим Халили потенцираше дека навистина радува фактот што поддршката преку повикот „Стартапувај”, континуирано се зголемува во текот на годините, па денеска, заедно со овие 61 нови проекти, поддржани се вкупно 348 компании, односно 31% од вкупно поддржаните компании од сите инструменти на ФИТР кои реализираат или ќе ги реализираат своите бизнис идеи.

Халили додаде дека Фондот гледа навистина голем потенцијал во идеите на младите и иновативните луѓе, а доказ за тоа е и можноста која ја воведовме преку повикот „Стартапувај”, да аплицираат и проектни тимови, кои имаат обврска 30 ден од приемот на известувањето и селецијата да регистрираат своја стартап компанија. „Навистина ме радува што оваа можност ја искористија 32 проектни тимови, со што успеавме да ги мотивираме овие млади луѓе да ги преточат своите бизнис идеи во успешен бизнис, да поттикнеме истражување и развој, но и да ги задржиме младите да развиваат тука, во нашата земја. Токму вие, млади луѓе и вашите компании сте она здраво јадро во економијата што ќе не воведе напред, кон нови почетоци и подобра иднина. Со овој повик, ние ја потврдивме уште еднаш нашата посветеност за поттикнување култура на иновации и технологија во нашето општество” истакна Халили.

На повикот „Стартапувај” кој е петти по ред, во ФИТР пристигнаа 363 проектни апликации од страна на компании и проектни тимови, што зборува за големиот број на ентузијасти и претприемачи кои благодарение на ваквите инструменти, чувствуваат храброст и смелост да започнат со реализација на своите иновативни идеи. Врз основа на одлуката на Комитетот за одобрување на инвестиции, одбрани се 61 проекти за финансирање во рамките на инструментот „Стартапувај”, кои од денеска ќе започнат со реализација на своите иновативни идеи и креативни решенија.

Може да ви се допадне

Запленети мрежи со риба и риболовен алат на Охридското Езеро
Цените на нафтата паднаа по објавата за прекин на огнот меѓу Израел и Иран
Првите четири банки од земјава впишани во регистарот на Европскиот совет за плаќања
Царинска управа: Запленети цигари, дрон, фалсификувана стока и друго
Влада: Исплатени субвенции на над 70.000 земјоделци во вредност од над девет милијарди денари
Таг:повикотстартапитеСтартапувај 5финансиска поддршка
Претходен напис Николовски и Спасовски: Ја продолжуваме успешната соработка помеѓу Шумската полиција и единиците на МВР, во заедничката борба против нелегалната сеча на шумите
Следен напис Бачовски: Денеска се одржа вториот состанок на комитетот за следење на ИПАРД програмата 2021 – 2027
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?